Достапни линкови

Кери во изрелско - палестинска мировна мисија


Американскиот државен секретар Џон Кери од денеска е на Блискиот Исток како дел од напорите да обезбеди израелско-палестински мировен договор.
Кери во Израел и на Западниот Брег ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со палестинскиот лидер Махмуд Абас.

Во понеделникот, Кери се сретна со израелскиот главен преговарач Ципи Ливни и нејзиниот палестински колега, Саеб Eрекат, во Вашингтон.

САД се надеваат дека со рамковен план ќе ги деблокира преговорите за прашањата на границите, статусот на Ерусалим, и судбината на палестинските бегалци.
XS
SM
MD
LG