Достапни линкови

Пакистан - Протест да се оневозможи снабдувањето на НАТО со резерви


Илјадници демонстранти протестираа во северозападен Пакистан на главните автопатишта надвор од Пешевар, барајќи да се затвори патот преку кој се одвиваат главните набавки за потребите на НАТО. Приврзаници на политичките партии Терик е Инсаф и на Џамаат-е Ислами ветија дека ќе ги блокираат испораките на НАТО во знак на протест против нападите со беспилотни летала од страна на САД во внатрешноста на Пакистан. Преку Пакистан се снабдуваат војниците на НАТО во соседен Авганистан во текот на изминатата деценија. Затворањето на патиштата во северозападниот дел на Пакистан само делумно ќе го отежни снабдувањето на НАТО со резерви, бидејќи постои друг пат низ југозападната провинција Балочистан, за кој се очекува да остане отворен.
XS
SM
MD
LG