Достапни линкови

Смртоносен напад кај иранската амбасада во Бејрут


Силни експлозии одекнаа во јужен Бејрут. Запалени автомобили, оштетени згради и иранската амбасада. Се јавува за над 20 мртви.

Две експлозии одекнаа во близина на Иранската амбасада во Бејрут, при што се јавува за најмалку 22 загинати.

Амбасадата е оштетена, како и околните згради. Амбасадорот на Иран, Газанфар Рокн Абади, според либанските официјални преставници, бил однесен на безбедно место, а критично ранет бил Ибрахим Ансари, кој работел како аташе за култура.

На местото има запалени автомобили а на околните згради имало оштетувања. Подрачјето во кое е лоцирана Амбасадата се смета за упориште на шиитското движење Хезболах, кое е сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Според првичните извештаи, нападот бил извршен од двајца бомбаши самоубијци, од кои едниот бил во автомобил. Ова подрачје на јужен Бејрут е на честа мета на одмазднички напади поради поврзаноста на Хезболах со сирскиот режим.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG