Достапни линкови

logo-print

Минута молк за жртвите во Бостон


Американската држава Масачусетс со минута молчење во знак на сеќавање на жртвите од бомбашкиот напад на маратонската трка пред една недела во Бостон. Еден од осомничените Тамерлан Царнаев во петокот загина во престрелка со полицијата. Неговиот помал брат Џохар беше уапсен во саботата по големата потрага во Бостон.

Деветнаесет годишниот Џохар Царнаев е хоспитализиран и, според полицијата, не бил во можност да зборува поради повреда на грло. Сепак, според последните информации тој почнал писмено да комуницира со федералните агенти во болницата.
Џохар Царнаев

Џохар Царнаев

Претходно, Комесарот во бостонската полиција Ед Дејвис соопшти дека засега нема повеќе детали за истрагата.

„Осомничениот е во критична, но стабилна состојба. Таму има члeнови на специјален тим на Федералното истражно биро за да зборуваат со него.“

Според Дејвис, двајцата браќа Чеченци имале доволно оружје што зборува дека тие можеби подготвувале и други напади.

Сакам вистинска правда. Имам многу прашања за американската полиција и тајните служби. Јас сум адвокат. Сакам одговори за сите прашања во врска со обвинувањата. Американските тајни служби го спинуваат нивниот имиџ низ светот, тие само си се промовираат. Сакам да имам чиста слика за активноста на моите синови.
Меѓутоа, родителите на Тамерлан и Џохар за Радио Слободна Европа изјавија дека нивните синови биле неправедно обвинети. Анзор Царнаев соопшти дека планира да замине за Соединетите држави и да бара правдина за неговите синови.

„Сакам вистинска правда. Имам многу прашања за американската полиција и тајните служби. Јас сум адвокат. Сакам одговори за сите прашања во врска со обвинувањата. Американските тајни служби го спинуваат нивниот имиџ низ светот, тие само си се промовираат. Сакам да имам чиста слика за активноста на моите синови“, изјави нивниот татко Анзор.

Нивната мајка Зубеидат Царнаева, исто така за Радио Слободна Европа изјави дека нејзиниот постар син Тамерлан пет години бил под надѕор и контрола на Федералното истражно биро. Според неа, не постоеле никакви докази дека нејзините синови биле вмешани во бомбашкиот напад во Бостон во кој загинаа три лица, а околу 180 беа ранети.

Таа исто така додаде дека Тамерлан минатата година бил во Чеченија и Дагестан, но за да ги посети роднините, а не да се поврзе со милитанти кои операрираат во тој дел на Русија.
Во неделата на интеренет страницата на таканаречениот Емират Кавказ, исламистичко движење на отпорот во рускиот Северен Кавказ, била објавена изјава со која таа организација отфрла дека имала некаква врска со бомбашкиот напад во Бостон.

Во меѓувреме, гуверенерот на Масачусетс Девал Патрик ги потврди извештаите дека Џохар Царнаев по експлозиите се однесувал нормално на училиште.

„Има докази за искрено нормално однесување на студент во деновите што следуваа, што со оглед на тежината на она што го сторил покренува многу прашања во мојата глава, а тоа треба да го имаат на ум и истражните органи.“

Доколку се потврдат сомневањата Џохар ќе биде обвинет според американските сојузни закони што значи дека му се заканува смрттна казна. Во државата Масачусетс оваа казна е укината.

Инаку, на вчерашниот маратон во Лондон на многу начини им беше оддадена почит на жртвите во Бостон.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG