Достапни линкови

logo-print

На лотарија малкумина добиваат, а 15 проценти се за сите. Вака повеќето граѓани кои ги анкетиравме реагираат на предлозите на власта и опозицијата за враќањето данок.

„Фискална во рака-награда без мака“ е најновата идеја на владата за подигнување на свеста кај граѓаните и зајакнување на фискалната дисциплина. Со собрани 20 фискални сметки граѓаните ќе можат да добијат стан, дуќан, автомобил и други вредни награди. Владата пред неколку недели го одби предлогот на опозицијата граѓаните да можат да си повратат 15 отсто од сумата платена за ДДВ, што за најголем дел од оние што ги анкетиравме е поприфатлив. Граѓаните велат од наградата игра бенефит ќе имаат само среќните за разлика од другата мерка која ќе биде исплатлива за сите.
Пари да им се дадат на граѓаните, наградната игра е сепак среќа, лотарија. Ако ние сме среќни не би би биле со ваков низок стандард.

„Пари да им се дадат на граѓаните, наградната игра е сепак среќа, лотарија. Ако ние сме среќни не би би биле со ваков низок стандард. Гледам контејнерите ги вртат, што е трагично и жалосно.“

„Во ова матно време џабе се фикални сметки кога народот трпи за леб. Не му треба фискална сметка. Оваа влада се упропасти и се изедоа и се е кој од кој.“

„Имаше во некоја земја Полска мислам каде направија лотарија, така да секој добива тикет да учествува и кај нас така треба да биде. Другиот предлог е непромислен. Не сум економист, но сомнителен ми изгледа сите ќе
Законот за фискалната каса личи како Законот за пушење. Во огромни територии на државата воопшто не се почитуваат.
земат, а накрај пак ќе им ги соберат сите пари.“

„Јас сум за тој со поврат на 15 посто. Наградната игра е забава, среќа.“

За поранешниот министер за финансии Џевдет Хајреди предлозите се несериозени, бидејќи во земјава законите се носат без да се процени колку админстрацијата е способна да ги спроведе. За предлогот на СДСМ, Хајредини додава дека владата никогаш нема да го прифати, а кога некоја идеја на опозицијата би била спроведлива тие веднаш би ја присвоиле.

„Законот за фискалната каса личи како Законот за пушење. Во огромни територии на државата воопшто не се почитуваат. Наместо да каже министерот за финансии Зоран Ставревски зошто не градат функционална државна администрација која доследно си ги спроведува, тие викаат во стилот на премиерот дека Законот за извршување на буџетот не го извршуваме поради технички причини. Оваа филозофија е причина што законите помпезно се најавуваат и се носат, а потоа нема нив кој да ги спроведе“, вели Хајредини.

Слични примери има и во други држави. Владата на Словачка воведе лотарија со која граѓаните со една фискална сметка може да станат добитници на 10 илјади евра или автомобил. На првата лотарија учествувале 200 илјади жители.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG