Достапни линкови

Низок стандард, големи поскапувања


За една година, струјата поскапела за 18 отсто, парното за 26 отсто, зеленчукот за 19 отсто, месото и овошјето за 7-8 отсто... На граѓаните им се чини дека цените се двојно повисоки од лани.

Трошоците за живот во октомври годинава се за 5,3 отсто поголеми во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемо поскапување има во категоријата домување, вода, електрика, гас и други горива од скоро 12 отсто. Струјата поскапела за повеќе од 18 отсто, а централното греење за 26 отсто.
Сто отсто се поскапи, сто отсто, 55 денари е едно лепче. Искрено ви кажувам ни мевце не можеш да си купиш, ни ништо за тие пари. Пред 2-3 години ќе влезевме во касапница и месо ќе си купевме по килце по две, ќе си касневме, сега ич. Сега за место нема, само за сметки и за еден основен живот, за гравче и за пиперки
Анкетиран граѓанин.


Образованието поскапело за 10 отсто, облеката и обувките за скоро девет отсто, а превозот и здравјето за околу 4,5 отсто. Во изминатава година се намалиле трошоците за комуникации и за рекреација и култура. Според заводот за статистика, цените на храната и безалкохолните пијалоци изминатава година поскапеле за 5,7 отсто. Зеленчукот поскапел за 19 отсто, овошјето за 8 отсто, маслото и маснотиите за скоро 12 отсто, а месото повеќе од седум отсто.

Граѓаните што ги анкетиравме во центарот на Скопје, пак, сметаат дека поскапувањата се многу поголеми од тоа.

„Сто отсто се поскапи, сто отсто, 55 денари е едно лепче. Искрено ви кажувам ни мевце не можеш да си купиш, ни ништо за тие пари. Пред 2-3 години ќе влезевме во касапница и месо ќе си купевме по килце по две, ќе си касневме, сега ич. Сега за место нема, само за сметки и за еден основен живот, за гравче и за пиперки.“
Се додека куповната моќ опаѓа, ние не можеме да се надеваме на економски раст. Тоа што е најстрашно е што со такво опаѓање на стандардот, ќе има уште поголем дисбаланс, уште повеќе ќе се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните. Македонија е на добар пат со една таква тенденција во следната деценија да ја изгуби средната класа, која може да биде носител на еден економски раст.
Зоран Витанов, поранешен министер за економија.

„Јас примам 18 илјади пензија, а ми требаат 36 илјади за да поминам.“

„Многу е се поскапено, за дупло.“

„За 30-40 отсто се поскапени, еве и зејтинот и шеќерот, брашното, сè е поскапено.“

Поранешниот министер за економија Зоран Витанов вели дека граѓаните имаат такво чувство дека цените пораснале за 100 отсто, затоа што стандардот на граѓаните е опаднат, тие земаат исти плати и пензии, а цените растат.

„Сè додека куповната моќ опаѓа, ние не можеме да се надеваме на економски раст. Тоа што е најстрашно е што со такво опаѓање на стандардот, ќе има уште поголем дисбаланс, уште повеќе ќе се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните. Од една страна ќе имаме 5 дo 7 проценти екстремни богаташи, а од другата страна една армија на сиромашни. Македонија е на добар пат со една таква тенденција во следната деценија да ја изгуби средната класа, која може да биде носител на еден економски раст.“

Индексот на трошоците на животот, се смета за клучен показател за движењето на инфлацијата. Експертите предвидуваат дека инфлацијата ќе расте следната година, а и Народна банка ја корегираше првично пректираната стапка на инфлација од 2,2 на 3,5 отсто. Дополнително се прогнозира дека трошоците за живот ќе растат и во 2013.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG