Достапни линкови

logo-print

Управата за јавни приходи во Прилеп ги казни сопствениците на фитнес клубови во Прилеп затоа што не издавале фискални сметки. Тие велат дека за оваа новина во финансиското работење на здруженијата на граѓани, не биле известени.

34 годишната Тереза Талеска од Прилеп е државен првак во фитнес за 2011 година. Таа со својот сопруг има фитнес клуб и заедно се посветени на развој на спортскиот дух на младите во државава. Вели работеле напорно, со ентузијазам иако месечната заработувачка е мала, сепак се радувале на секој напредок на младите, кои на овој начин се анимираат и одвлекуваат од пороците на современиот живот. Но, Талеска пред Управата за јавни приходи во Прилеп, ја искина дипломата за државен првак, вели не и битна, бидејќи инспектори ги казниле со 3200 евра, затоа што не издавале фискални сметки, а за оваа новина во финансиското работење на здруженијата на граѓани, не биле известени.
Пред 5 месеци јас исто имав контрола, дојдоа инспектори и се јавив после во УЈП горе, им го образложив проблемот што е, ми рекоа спортските здруженија не подлежат на данок, не подлежат на фискална, но ќе има промена во законот.

„Значи имаме месеци кога има и по 150 евра, просек е 300 евра месечно, од тие пари не знам како бараат казнава да се исплати, струја плаќаме, што ќе остане, тоа е за јадење“, реагира Тереза Талеска, од клубот Голд џин.

Никола Ѓорѓиоски вели дека при посетата на инспекторите пред 5 месеци, му било кажано дека навреме ќе бидат известени за секоја измена на законот.

„Пред 5 месеци јас исто имав контрола, дојдоа инспектори и се јавив после во УЈП горе, им го образложив проблемот што е, ми рекоа спортските здруженија не подлежат на данок, не подлежат на фискална, но ќе има промена во законот. Тоа ќе оди едно 4-5 или 6 месеци, за тој период работете вака по овој принцип, за секоја промена ќе бидете известени“, вели Ѓорѓиоски.
Значи ако се воведува сигнализација, треба на сите клубови некој инспектор да не собере и да ни каже како треба да работиме, оти ние сме спортисти, не сме сметководители, па да знаеме, што треба, како треба.

Според Ристо Димовски, казнената политика значи атак врз спортските здруженија, кои најмногу придонесуваат за развојот на спортот кај младите. Во Прилеп има регистрирани десетици други здруженија на граѓани, за одбојка, кошарка, фудбал...

„Значи ако се воведува сигнализација, треба на сите клубови некој инспектор да не собере и да ни каже како треба да работиме, оти ние сме спортисти, не сме сметководители, па да знаеме, што треба, како треба, ако и дошло на државата до нашите пари или ако не и требаат клубови, да ги затвориме клубовите“, вели Димоски.

Сопствениците на фитнес клубовите бараат изречените казни од УЈП да бидат стопирани, во спротивно се закануваат со протести.

„Ако треба и на автопат ќе излезиме Прилеп-Битола, значи ќе го блокираме патот, како што правеа млекарите, тутунарите и ред други, незадоволни граѓани, значи ова не може така“, вели Влатко Талески.

Од прилепската подружница на Управата за јавни приходи побаравме, но не успеавме да добиеме одговор. Не упатија во регионалната дирекција во Битола. Од таму информираа:

„При контроли на УЈП за спроведување на законот за регистрирање на готовински плаќање, спроведени кај 26 здруженија на граѓани, меѓу кои и фитнес центри, само во 8 случаи, се констатирани неправилности, непоседување на фискален апарат и се преземени мерки од страна на УЈП, според позитивната и важечката регулатива“, велат од УЈП во Битола.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG