Достапни линкови

Генерален штрајк во знак на жалост во Триполи


Во Триполи и неговата околина повеќето продавници и училишта денеска се затворени, во знак на жалост поради жртвите во вчерашните насилства во кои загинаа повеќе од 40 луѓе.Училиштата,банките и продавниците не работеа, а локалниот Совет во Триполи соопшти дека генералниот штрајк е во знак на жалост поради мртвите во насилствата и во знак на солидарнист со нивните семејства.Немирите избувнаа во петокот, кога група демонстрантисе собра пред седиштето на припадниците на полицијата од градот Мисрата, барајќи од нив да го напуштат Триполи. Припадниците на милицијата од Мисрата на тоа одговорија со истрели најпрво во воздухот, а потоа и врз собраната толпа. Насилствата ги осуди и американскиот државен секретар Џон Кери.
XS
SM
MD
LG