Достапни линкови

Косовското обвинителство покрена истрага против српски министер


Mинистерот без ресор во владата на Србија, задолжен за Косово, Александар Вулин.

Mинистерот без ресор во владата на Србија, задолжен за Косово, Александар Вулин.

Косовското обвинителство покрена истрага против министерот без ресор во владата на Србија, задолжен за Косово, Александар Вулин, поради неовластен влез на Косово и од Основниот суд во Косовска Митровица побара издавање налог за негово апсење.

Обвинителството го сомничи Вулин дека на 17 октомври годинава во неодредено време на неовластен начин влегол на Косово, без да го користи официјалниот премин, пренесува Танјуг. Вулин во изјава за новинарите на 17 октомври за време на посетата нагласи дека на Косово престојува бидејќи нема забрана од ЕУЛЕКС за тоа.

„Јас го почитувам мандатот на меѓународната заедница, Резолуцијата 1244 и доколку ЕУЕЛКС службено ми забранеше да влезам на Косово, јас тоа секако ќе го почитував. Не комуницирам со привремените институции во Приштина“, рече тогаш Вулин.
XS
SM
MD
LG