Достапни линкови

Луксембург - води Партијата на премиерот Јункер


Христијанско социјалната народна партија на премиерот во оставка Жан Клод Јункер води на предвремените избори во Луксембург со 33,4 отсто од гласовите. Според првичните проценки оваа партија добила 23 пратенички места во Парламнтот од вкупно 60. Либерално демократската партија освоила 19,2 проценти а социјалистите 19,3 отсто. Овие две партии во Парламентот би требало да имаат по 13 мандати. Првите резултати од изборите се очекуваат денеска.
XS
SM
MD
LG