Достапни линкови

Европскиот парламент усвои нови мерки против пушењето


Европските законодавци денеска ги одобрија новите регулативи во врска со пушењето, чија цел е да се намали бројот на пушачи, особено меѓу младите. Новите правила, што беа изгласани во Европскиот парламент во Стразбур, меѓу другото, предвидуваат поголеми предупредувања за штетноста на цигарите на кутиите, а до 2020-та ќе бидат забранети ментол цигарите и другите цигари со некаков вкус. Ќе биде забрането рекламирањето на електронските цигари, но не помина предлогот тие да бидат третирани како медицински артикли и да се продаваат само во аптеки. Пред овие мерки да станат закони, тие треба да бидат одобрени и од владите на земјите членки на ЕУ.
XS
SM
MD
LG