Достапни линкови

Кери и Лавров разговарале за Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Договорот за уништување на сириското хемиско оружје беше главната тема на разговорите меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Тие разговараа на маргините на Самитот за Азиско-пацифичка економска соработка во Бали, Индонезија. Кери изјави дека процесот за елиминирање на хемиско оружје е „добар почеток“ и рече дека режимот на Башар Асад треба да го почитува договорот постигнат од страна на Кери и Лавров минатиот месец. Кери изјави дека тој и Лавров се согласиле мировната конференција за Сирија да се одрижи што е можно поскоро. Лавров рече дека Русија ќе направи сè за да се осигура дека Асад ја почитува резолуција на ОН за уништување на хемиското оружје.
XS
SM
MD
LG