Достапни линкови

logo-print

Уапсени четворица членови на „Златна зора“


Nikolaos Michaloliakos

Nikolaos Michaloliakos

Четворица членови на грчката крајнодесничарска партија „Златна зора“ денеска се уапсени во серијата апсења на партиски членови. Уапсени се лидерот на „Златна зора“, Никос Михалолиакос и партискиот портпарол Илијас Касидиарис.
Пратеникот од оваа партија, Илијас Панајотарос, сам се предал во полиција, изјавувајќи дека го бараат на погрешна адреса. Пратеникот Јанис Лаго, исто така бил уаспен. Лидерот на „Златна зора“ ,Николаос Михалолиакос, бил приведен под обвинение за формирање на криминална организација.
„Златна зора“ го изрази својот гнев од апсењата во писмено соопштение.
„Ние ги повикуваме сите да ја поддржат нашата морална и праведна борба против корумпираниот систем“, се наведува во соопштението.
Грчкиот владин портпарол одби да коментира детали од операцијата.
Мерките се преземаат неколку дена по убиството на левичарскиот активист и рапер Павлос Фисас од член на „Златна зора“, што предизвика низа протести во Грција.
XS
SM
MD
LG