Достапни линкови

Државата плаќа и за тие што не бараат работа


Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.
Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.

Сивата економија ја попречува реалната слика за бројот на невработените во земјава, нагласуваат експертите во нивните коментари за мерките за пререгистрација на невработените.

Сивата економија ја попречува реалната слика за бројот на невработените во земјава, нагласуваат експертите во нивните коментари за мерките за пререгистрација на невработените. Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи нагласи дека во вкупниот број на невработени во земјава се инволвирани многу лица кои работат на црно и повика на наоѓање дополнителни мерки како да се намали сивата економија.
Знаеме дека во нашата земја постои сива економија, односно дека дел од луѓето што се невработени работат на црно. Значи, треба да се изнајдат мерки како да се намали таа сива економија за да навистина се добие реална слика за стапката на невработеност.
Шенај Хаџимустафа, Центар за економски анализи.

„Знаеме дека во нашата земја постои сива економија, односно дека дел од луѓето што се невработени работат на црно. Значи, треба да се изнајдат мерки како да се намали таа сива економија за да навистина се добие реална слика за стапката на невработеност“, вели Хаџимустафа.

Ако не се регистрираат, тоа не значи дека нив ги нема. Тоа не може да го реши проблемот со невработеноста во Македонија што го имаме многу долго, а ефектите веќе се многу видливи во нашата средина.
Милева Ѓуровска, универзитетски професор.
Од друга страна, пререгистрацијата го намали бројот на невработени. Според последната евиденција на Агенцијата за вработување, бројот на невработени лица во Македонија е трипати помал од оној што го објави Државниот Завод за статистика кој што во првото тримесечје изброи 284.823 невработени лица. Експертите коментираат дека ова е само една од мерките со кои се интервенира за да се намали декларативниот процент на невработеноста, меѓутоа тоа не може да го реши проблемот на невработеноста кој во земјава е многу голем. Ако не се регистрираат невработените, тоа не значи дека нив ги нема коментира универзитетскиот професор Милева Ѓуровска.

„Тоа е општа тенденција. Гледаме во Велика Британија се случува истото. Многу, да кажам, се стриктни начините на кои сега се регистрираат невработените, меѓутоа ако не се регистрираат, тоа не значи дека нив ги нема. Тоа не може да го реши проблемот со невработеноста во Македонија што го имаме многу долго, а ефектите веќе се многу видливи во нашата средина“, вели Ѓуровска.

Впечатливо е и тоа што поголем дел од невработените не бараат работа. Според податоците од агенцијата за вработување, од вкупно 224 илјади невработени лица, само 99 илјади сакаат да најдат работа. Останатите 125 илјади не се заинтересирани. Прашање е што се случува со здравствениот систем кога имаме здравствена политика која налага бесплатно здравствено осигурување.

Експертите, без да навлегуваат во коментар на тоа дали државата има економски сили да го издржи сето тоа, нагласуваат дека социјалната традиција налага да има бесплатно здравствено осигурување и оти во спротивно ситуацијата би била многу посложена.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG