Достапни линкови

Самовработувањето тешко остварлив сон за младите


Кај младите треба да се развие претприемачки дух за да вродат со плод програмите за самовработување, велат познавачите. Можеби решението е да се стимулира вработување млади во веќе постоечки фирми, од каде тие ќе црпат искуство за подоцна да си отворат свои, велат упатените.

Успехот на програмите за самовработување и развојот на претприемништвото зависат од младите во Македонија, се согласуваат упатените. Сепак, во услови на висока невработеност, кога половина од младите во Македонија седат дома, се поставува прашањето дали се ефикасни владините напори за поддршка на микро и мали претпријатија и самовработувањето.
Младите ќе имаат за задача да се одвојат малку од навиките на, да речеме, на родителите, коишто мора да ги пуштат да влезат во процес на едукација. Значи, одговорот е само во младите генерации, секоја генерација треба да биде попаметна од претходната и мора да даде нешто свое.
Дарко Велков, „Вработување Берза“.

Дарко Велков од порталот „Вработување Берза“ вели дека во земјава допрва треба да се развива претприемачкиот дух.

„Младите ќе имаат за задача да се одвојат малку од навиките на, да речеме, на родителите, коишто мора да ги пуштат да влезат во процес на едукација. Значи, одговорот е само во младите генерации, секоја генерација треба да биде попаметна од претходната и мора да даде нешто свое“, вели Велков.

Сепак, кога станува збор за отворање сопствен бизнис, за многумина стопанственици проблем претставува и деловната клима во земјава. За илустрација, дел од фирмите минатата недела зад микрофон се жалеа дека им биле блокирани жиро сметките поради присилна наплата на заостанат долг за радиодифузна такса. Износот на наплатата бил неколкупати повисок
Наместо тоа, можеби треба да се размисли за водење на економска политика кон млади која ќе резултира со повеќе вработувања на млади во веќе постоечки средни и големи претпријатија, значи поддршка на таквите претпријатија за да вработуваат што е можено поголем број на млади луѓе, со цел младите да стекнуваат работни и животно вештини, да стекнат искуство, па ако сакаат и да „украдат“ по некоја идеја која подоцна би можеле да ја реализираат во сопствен бизнис или во сопствена фирма.
Марјан Забрчанец, Младинскиот образовен форум.
од оригиналниот трошок. Велков вели дека добриот претприемач ќе се снајде и во најтешки услови.

„ Во принцип, колку повеќе е тешко, толку повеќе треба да има желба, како млад човек, да создаде инвентивен проект, да создаде инвентивна идеја за бизнис и толку поголема желба има да се реализира. Тоа е претприемач. Вистинскиот претприемач наоѓа решение, без разлика на што и да е“, вели Велков.

Проектите за самовработување секако звучат како сон за секој млад човек, меѓутоа ситуацијата на терен е поинаква, вели Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум.

„Пред се немаат достапност до работни вештини, она што им го нуди формалниот образовен систем, па ако сакате и во средно образование, понатаму на факултет на толку бројни дисперзирани студии резултира со знаење на хартија, односно парче диплома, меѓутоа не резултира со конкретни вештини.“

Тешко е млад човек без работни вештини да се снајде во бизнис, вели Забрчанец, и посочува дека тоа не е единствениот проблем. Според него, тука е и деловната клима во земјава која не е многу поволна.

„Наместо тоа, можеби треба да се размисли за водење на економска политика кон млади која ќе резултира со повеќе вработувања на млади во веќе постоечки средни и големи претпријатија, значи поддршка на таквите претпријатија за да вработуваат што е можено поголем број на млади луѓе, со цел младите да стекнуваат работни и животно вештини, да стекнат искуство, па ако сакаат и да „украдат“ по некоја идеја која подоцна би можеле да ја реализираат во сопствен бизнис или во сопствена фирма.“

Во овој контекст вреди да се напоменат и трошоците за водење сопствен бизнис. За прибирање на основачки капитал тешко се добива кредит од банка, а тука се трошоци за фирмарина и режиски расходи.
XS
SM
MD
LG