Достапни линкови

Иселувањето поради сиромаштијата го празни полошкиот регион


Центарот на Тетово.
Центарот на Тетово.

Иселувањето во други земји поради економски причини, стана карактеристика и за тетовско-гостиварскиот регион, иако важи за еден од најгусто населените подрачја во Македонија.

Иселувањето во други земји поради економски причини, стана карактеристика и за тетовско-гостиварскиот регион, иако важи за еден од најгусто населените подрачја во Македонија. Една кратка анкета со неколкумина граѓани ја дава сликата на иселувањето. Сите одговараат дека имаат голем број блиски роднини и пријатели кои се иселиле од Македонија во западноевропските земји или традиционалните прекуокеанските иселенички дестинации - Америка, Канада и Австралија.
Полно има. Кај нас на пример, во село наше, 70 посто од селото е надвор. Јас сум од село Пирок, тетовско.
Анкетиран граѓанин.

„Многу, сигурно и вие познавате.“
Градоначалникот на Општина Теарце, Исен Асани.
Градоначалникот на Општина Теарце, Исен Асани.

„Полно има. Кај нас на пример, во село наше, 70 посто од селото е надвор. Јас сум од село Пирок, тетовско.“

„Да имам полно што отидоа надвор и тоа со квалификации, школувани луѓе“, велат анкетираните граѓани.
Што се однесува за причините зошто граѓаните од Општина Теарце се иселуваат од овде во запад, стандардот еден, услови за живеење и новите генерации, особено младите, бараат подобар живот. Процентуално, приближно да речеме се движат од 20 до 30 отсто.
Исен Асани, градоначалник на Општина Теарце.

Причините за иселувањето се исти во сите случаи. Во другите земји се бара вработување и излез од неповолната економска состојба на семејствата во Македонија.

„Па сигурно се економските причини, невработеност.“

„Па се иселуваат поради тоа што се невработени, немаат работа. Надвор наоѓаат работа и затоа одат да работат.“

„ Сигурно е причината економскиот проблем, ништо друго.“

„Нормално, ако не можат да се снајдат овде, мислат дека надвор е полесно да се снајдат“, велат граѓаните.

Евиденцијата на иселувањето нема во општините, но познати се приближните проценти на иселени. Градоначалникот на Општина Теарце, Исен Асани, вели дека изминатите десетина години постојано има иселување на младите.

„Што се однесува за причините зошто граѓаните од Општина Теарце се иселуваат од овде во запад, стандардот еден, услови за живеење и новите генерации, особено младите, бараат подобар живот. Процентуално, приближно да речеме се движат од 20 до 30 отсто“, вели Асани.

Според статистиката од пописот во 2002 година, во Македонија просечно има по 78 жители на километар квадратен, додека тетовските и гостиварските населени места спаѓаат во категоријата на региони со над 100 и над 500 жители на квадратен километар. Новиот попис, кој во 2011 година беше неуспешен треба да покаже колку жители има сега во тетовско-гостиварскиот регион.
XS
SM
MD
LG