Достапни линкови

Асад: се уште се можни американски напади


Сирискиот претседател Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека се уште се можни американски напади врз Сирија и покрај сегашниот план за уништување на хемиското оружје под меѓународна контрола. Во интервју за венецуелската телевизија, Асад додаде дека политиката на Вашингтон била, како што рече, „да оди од една агресија во друга“. Тој изјави дека неговиот режим е решен целосно да го спроведе планот договорен со Москва и Вашингтон. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за „Вашингтон пост“ пак, изјави дека Москва имала „добри докази“ дека типот на гасот сарин употребен во близина на Дамаск на 21 август бил направен во домашни улови што ги поткрепува тврдењата дека за нападот биле одговорни сириските бунтовници.
XS
SM
MD
LG