Достапни линкови

Папата Франциско со критики за ставовите на Католичката Црква


Папата Франциско изјави дека Католичката црква треба да се дистанцира од опсесија со учењата на абортус, контрацепција, и хомосексуалноста.
Папата рече дека црквата мора да стане по милостлива или ризикува целата нејзина морална градба да падне како куќа од карти.
Во интервјуто за списанието „Цивилта Католика“, папата Френциско предвидува поголема улога на жените во црквата. Сепак, тој посочи дека тоа не вклучува промена во тековната забрана за женско свештенството.
Папата рече католичките свештеници не треба да бидат студени догматски бирократи. Неговиот пристап е во спротивност со конзервативната политика на претходникот Бенедикт, кој поднесе оставка во февруари.
XS
SM
MD
LG