Достапни линкови

Двете Кореи повторно ќе ја отворат индустриската зона


Северна и Јужна Кореја се согласија в понеделник повторно да го отворат заедничкиот индустриски парк, на пробна основа, соопшти денеска министерството за реобединување во Сеул. Индустриската зона се наоѓа неколку километри во територијата на Северна Кореја и беше затворена кога Пјонгјанг ги повлече своите 53 илјади работници за време на зголемените тензии меѓу двете Кореи на почетокот од годинава.
Министерството истакнува дека целта на двете земји ќе биде да привлечат странски инвеститори во зоната, која е главен извор на странска валута за Северот. Договорот за продолжување на работата доаѓа по преговорите меѓу двете страни што траеја цела ноќ.
XS
SM
MD
LG