Достапни линкови

Економскиот развој запечатен со восок


Премиерот Никола Груевски, министерот за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во посета на градежните работи на делницата Демир Капија-Смоквица.
Премиерот Никола Груевски, министерот за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во посета на градежните работи на делницата Демир Капија-Смоквица.

Не вредат спотовите и рекламите за зголемување на наталитетот и привлекување странски инвеститори, ако не се сопре одливот на најквалитетните кадри, затоа што на овој начин Македонија со восок го запечатува својот успешен развој, велат економистите.

Македонија се празни од најважниот потенцијал за унапредување на развојот, а тоа е човечкиот капитал, посочува поранешниот Гувернер на Народна Банка и министер за финансии, Петар Гошев во интервју за радио Слободна Европа.
И најважниот фактор за развој, човечкиот капитал, исчезнува и делува смешно кога нашата власт троши толку на спотови со повици за раѓање, а причините за иселувањето се сосема други, затоа што постојат внатрешни причини кои власта ги зголемува и луѓето заминуваат од својата држава.
Петар Гошев, политичар и економски експерт.

Од една страна власта продуцира спотови и реклами за зголемување на наталитетот и привлекување странски инвеститори, на другата страна реалните услови кои ги создава го потпомагаат одливот на најквалитетните кадри, посочува Гошев во интервјуто што во целост ќе го емитуваме в недела.

„И најважниот фактор за развој, човечкиот капитал, исчезнува и делува смешно кога нашата власт троши толку на спотови со повици за раѓање, а причините за иселувањето се сосема други, затоа што постојат внатрешни причини кои власта ги зголемува и луѓето заминуваат од својата држава.“

Над 240.000 луѓе во последнава декада се отселиле од Македонија во земјите на Европската унија, а тоа е 11 проценти од населението. Истовремено, природниот прираст на населението е паднат од 15.000 на 3.000. Властите не работат на унапредување на слободата на граѓаните која во современите поимања на економските движења
Tогаш на што ние во иднина ќе се надеваме ако токму можноста за развој на тој човечки капитал, луѓето во најпродуктивните години и тоа оние кои имаат високо образование итн, се одлучуваат тоа да го концептуираат во странство. Значи Македонија на долг рок може да се смета дека постапно, но сигурно со восок го запечатува својот успешен развој.
Никола Поповски, универзитетски професор.
во светот се доведува во директна корелација со развојот, потенцира Гошев.

Сите фактори на демократскиот развој е неопходно да постојат за да се развива економијата во земјата, и оттука може да се тврди дека не постои развиена земја која не внимава на нив, посочува економистот Никола Поповски. Човечкиот капитал е еден од најважните. Ако порано тој беше третиран како работна сила денеска на него во светот се гледа како на носител на идеи и креативност. Човечкиот капитал не учествува со голем дел во развојот на Македонија бидејќи тој се базира на природните ресурси, а од друга страна постојано се одлева.

„Затоа што ако денеска современите држави се развиваат врз база на знаења, технологии, човечки капитал и ги вмрежуваат меѓусебе тие фактори. Tогаш на што ние во иднина ќе се надеваме ако токму можноста за развој на тој човечки капитал, луѓето во најпродуктивните години и тоа оние кои имаат високо образование итн, се одлучуваат тоа да го концептуираат во странство. Значи Македонија на долг рок може да се смета дека постапно, но сигурно со восок го запечатува својот успешен развој.

Во најновиот извештај на светскиот економски форум меѓу показателите на конкуретноста земјава е рангирана и според капацитетите да ги задржи талентираните лица на домашниот пазар односно да привлече талентирани лица од странство и според ова рангирање се најде на 123- то место.
XS
SM
MD
LG