Достапни линкови

logo-print

Сите на факултет, ќе има помалку невработени


Илустрација.

Илустрација.

За жал, техничките насоки се потребни, но во странство и на некој начин во Македонија се продуцира кадар за европските земји, вели поранешниот министер за образование Сулејман Рушити.

Ниту повици за образование, ниту нови образовни институции и дисперзирани студии, не можат да бидат замена за посериозна државна стратегија кои и колку кадри ни се потребни од одделните струки, кои се најпотребни и каде ќе завршат останатите.
Зошто јас сега би студирал на пример атомска физика или машински факултет, кога знам дека не функционира ниедна фабрика во Македонија, условно речено, освен да се спакувам и да заминам во странство.

„Зошто јас сега би студирал на пример атомска физика или машински факултет, кога знам дека не функционира ниедна фабрика во Македонија, условно речено, освен да се спакувам и да заминам во странство“, се прашува социологот Ѓорѓи Тоновски, упатувајќи на бироата за вработување во сите градови во Македонија, каде, како што вели, очигледно се без работа огромен број високообразовни кадри од сите струки.
Поради таа некоја автохипноза се промовираат и овие технички струки како потребни. За жал, овие насоки се потребни, но во странство и на некој начин во Македонија се продуцира кадар за европските земји.

Самите повици не значат ништо без сериозна стратегија и анализа на потребите на пазарот, посочува поранешниот министер за образование Сулејман Рушити. Сè се сведува само на реклама, дури и конкретните повици за пренасочување на студентите кон техничките факултети, вели Рушити, а сè произлегува од нејасните тврдења дека е зголемен бројот на странските инвестиции.

„Поради таа некоја автохипноза се промовираат и овие технички струки како потребни. За жал, овие насоки се потребни, но во странство и на некој начин во Македонија се продуцира кадар за европските земји“, вели Рушити.

Професорот од машинскиот факултет, Радмил Поленаковиќ, вели дека според некои првични проценки, на овој факултет е зголемен бројот на студенти, кои, како што појаснува, својата перспектива ја гледаат во новоотворените фабрики, а зошто не и во странство.

„Голем број деца одат надвор на постдипломски студии, потоа ако се снајдат надвор, веројатно ќе останат, ама има голем број што се враќаат и носат ново знаење и додадена вредност на она што тука ние го работиме“, вели Поленаковиќ.

Социологот Ѓорѓи Тоновски, пак, во определбата на Владата да поттикнува и повикува на образование е само злоупотреба на долго градениот култ кон образованието кај нашиот народ, но и дека целата приказна има и социјална димензија или служи за ублажување на социјалните тензии, бидејќи со долготрајното студирање се одложува незадоволството од невработеноста, а се поткрепува истовремено илузијата дека времето не е загубено.

„Лошите состојби во сферата на вработувањето на младите свој издувен вентил наоѓаат во студирањето кое трае подолго време, а со тоа, како што е познато, се одложува или контролира незадоволството кај младите и се разбира, се намалуваат социјалните тензии“, посочува Тоновски.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG