Достапни линкови

Со политички памфлети не се зголемува наталитетот


Илустрација.

Илустрација.

Државата е таа што ги одредува условите за живот, но семејството е тоа што одлучува дали и колку деца ќе има, велат социолозите.

И ги благослови Бог, и им рече:
„Плодете се, и множете се, и наполнете
ја земјата, и господарете над неа, и овладајте
ги морските риби (и ѕверовите),
и небеските птици (и секаков добиток,
целата земја), и сите животни што
лазат по земјата!”

Живееме во време кога не само што е сè поголема реткост второ дете во семејството, а камо ли трето или четврто, туку спротивно на тоа водиме дебати за искривени вредности, за еднополови бракови, па уште и посвојување деца во тие еднополови бракови, за некакви права на жените, па на мажите, кој од нив бил позастапен во политиката или во бизнисот, а додека се трошиме на тие теми, нам како држава ни снемува народ.

(1. Мој. 1, 28)

Не случајно почнуваме со овие стихови од Првата книга мојсеева за настанокот на светот од Стариот завет. Според Библијата, кога Бог ги создал луѓето, им го пренел овој благослов.

Слична порака до македонските граѓани деновиве испрати и премиерот Никола Груевски. Прво, пред бизнис заедницата зборуваше за „рецесија на нацијата“, а потоа во говорот за Денот на македонската револуционерна борба на 23 Октомври, рече дека проблемот со депопулацијата или „демографската рецесија“ е проблем од кој „во голема мерка зависи иднината на нашата држава, на нашата нација од повеќе аспекти, економски, политички, ако сакате и од аспект на опстанокот на една држава и на еден народ“.
Кај што има силни села има и силна економија. Каде што е храната и енергијата, таму е економијата. Ако има храна, ќе се одлучат родителите да направат 2-3 деца, ако нема, со што ќе ги нахранат, сигурно не се социјала од 8-9 илјади.

Нашите предци имале само корка леб, а имале по најмалку четири деца, рече Груевски.

„Живееме во време кога не само што е сè поголема реткост второ дете во семејството, а камо ли трето или четврто, туку спротивно на тоа водиме дебати за искривени вредности, за еднополови бракови, па уште и посвојување деца во тие еднополови бракови, за некакви права на жените, па на мажите, кој од нив бил позастапен во политиката или во бизнисот, а додека се трошиме на тие теми, нам како држава ни снемува народ“, рече Груевски.

Говорот на премиерот Никола Груевски предизвика лавина реакции во јавноста. Дали премиерот ја презема улогата на Бог? Што може државата да направи да стимулира зголемување на наталитетот, а да не се меша во планирањето на семејството. Дали луѓето се стока, па со субвенции државата да влијае „на зголемување на стадото“?

Нема голем наталитет во држава со испразнети села

Тука постојат и многу елементи или вредности кои би рекол се содржани во она што е напуштено, не враќање кон некакви традиционални вредности во таа смисла, но едноставно, како што јас го нарекувам, едно храбрење би рекол на младите луѓе малку порано да влегуваат во брак и на некој начин повикување за нацијата некако да се обновува и да опстане на тој долг од во една модернизација.

Се огласија демографи, социолози, жени, мажи, родители... Некои нудат решенија, некои се жалат на условите, а некои прашуваат зошто би се зголемувал наталитетот кога планетата и онака веќе е пренаселена.
Илустрација: Крштевка.

Илустрација: Крштевка.


Науката вели дека за просто одржување на бројот на жители во една земја, бројот на родени деца по жена треба да биде 2,1. Во Македонија таа бројка е 1,4 родени деца по жена. Статистиката покажува дека бројот на новородени деца во земјава се намалува во изминативе 50 години. Трендот на намалување на наталитетот е сличен во сите развиени земји во светот. Експертите посочуваат низа фактори поради кои денес се раѓаат помалку деца отколку во минатото – oбразование, економски развој, урбанизација, контрацепција, улогата на жената во општеството...
Луѓето масовно ја напуштаат Македонија поради повеќе причини, меѓу кои главни се безперспективноста во државата, негледање иднина во оваа држава, немање можност да добиете пристојна работа со пристојна заработувачка и не можете да го планирате семејството. Значи правото на избор е ограничено и луѓето емигрираат главно за подобар живот, но во последно време и високо образована сила бара подобри услови за живеење и за работа, поголеми предизвици, повеќе простор за истакнување.

Професор Никола Панов од Институтот за географија на ПМФ во Скопје, вели дека наталитетот во Македонија опаѓа континуирано од 1961 година, но оти опаѓањето е поинтензивно во последната деценија. Тој посочува дека македонската етничка заедница во последнава деценија има негативен природен прираст, но албанската, ромската или турската етничка заедница имаат позитивен природен прираст и на ниво на држава прирастот достигнува до нешто над три промили годишно. Како главни причини за опаѓање на наталитетот, тој ги посочува економијата и миграцијата село-град. Не може да се очекува голем природен прираст во држава со испразнети села, вели тој.

„Деаграризацијата заедно со себе го носи тој негативен природен прираст, бидејќи концентрацијата на популацијата во градовите, условите за работа и за вработување се мали, економската категорија исто така е негативна и тие се всушност две основни причини“, вели Панов.

Тој ги поздравува владините мерки за зголемување на наталитетот, но посочува дека е потребно време за да дадат резултати. Сепак, тој посочува дека е потребно да се изработи демографска стратегија за државата прецизно да ги утврди механизмите што се потребни за стимулирање поголем природен прираст.

Ако Македонија сака поголеми стапки на природен прираст, потребно е да инвестира во земјоделството и да ги зајакне селата, дециден е Панов.

„Кај што има силни села има и силна економија. Каде што е храната и енергијата, таму е економијата. Ако има храна, ќе се одлучат родителите да направат 2-3 деца, ако нема, со што ќе ги нахранат, сигурно не се социјала од 8-9 илјади“, вели Панов.

Социологот, професор Илија Ацески вели дека мора да се создадат економски претпоставки за нормален живот на семејствата, но уште потешката задача е како да ги убеди луѓето дека треба да имаат повеќе деца.
Во светски размери се раѓаат многу луѓе и земјината топка веќе многу тешко може да се справи на овој степен од развој, и со исхраната и со добробитта на толку голем број луѓе. Порано државите сакале што е можно повеќе луѓе да се раѓаат, затоа што се воделе војни, затоа што тие требало да бидат употребени како топовско месо, сега навистина е прашање зошто воопшто би се стимулирал наталитетот. Цивилизираните земји се соочуваат со фактот дека како што оди цивилизацијата и развојот на одредена држава, така се намалува и наталитетот и тие преземаат мерки за акомодирање на заедницата согласно тие податоци. Се преземаат мерки за справување со се она што значи потреба од поголема продуктивност на луѓето што произведуваат наспроти оние коишто не произведуваат и во секој случај, создавање на соодветен живот за сè поголемиот број постари луѓе.

„Тука постојат и многу елементи или вредности кои би рекол се содржани во она што е напуштено, не враќање кон некакви традиционални вредности во таа смисла, но едноставно, како што јас го нарекувам, едно храбрење би рекол на младите луѓе малку порано да влегуваат во брак и на некој начин повикување за нацијата некако да се обновува и да опстане на тој долг од во една модернизација.“

Ацески вели дека Македонија, во демографска смисла, е многу сложено општество и затоа е тешко да се воведат еднакви мерки за стимулирање на наталитетот. Со оглед на тоа што одредени етнички заедници во државата имаат голем, а други мал природен прираст, со едноставни стимулативни мерки за кратко време може да се создаде голем демографски дисбаланс во државата. Тој предлага државата да им дава помош на родителите за второ и трето дете, но таа помош да престане по раѓањето на четврто дете.

„Тоа е политика којашто во исто време стимулира и дестимулира, за да може да се формира тој баланс на население во однос на етничката структура во Македонија. Друго решение нема, зашто ќе се предизвика една ситуација којашто е поприлично неповолна“, вели Ацески.

Младите бегаат во странство

Социологот Петар Атанасов се согласува дека изумирањето на селата е една од главните причини за намалување на природниот прираст.

„Вториот денешен главен проблем е емиграцијата. Луѓето масовно ја напуштаат Македонија поради повеќе причини, меѓу кои главни се безперспективноста во државата, негледање иднина во оваа држава, немање можност да добиете пристојна работа со пристојна заработувачка и не можете да го планирате семејството. Значи правото на избор е ограничено и луѓето емигрираат главно за подобар живот, но во последно време и високо образована сила бара подобри услови за живеење и за работа, поголеми предизвици, повеќе простор за истакнување.“

Сепак, Атаносов е дециден дека државата не може да се меша во планирањето на семејството. Улогата на државата е само во тоа да создаде услови за луѓето да имаат онолку деца колку што сакаат, вели тој.

Вие не можете на луѓето да им кажете – од утре ќе имате по три деца, од задутре ќе имате по четири деца, тоа е работа на семејството. Државата ги одредува условите за живот, а семејството одлучува дали ќе има едно, две или три деца.

„Вие не можете на луѓето да им кажете – од утре ќе имате по три деца, од задутре ќе имате по четири деца, тоа е работа на семејството. Државата ги одредува условите за живот, а семејството одлучува дали ќе има едно, две или три деца.“

Атанасов посочува дека многу држави се обидуваат да најдат одговор на прашањето дали и колку може да бидат успешни позитивната дискриминација и паричните стимулации за многудетноста од страна на државата. Тие мерки почесто се неуспешни отколку успешни, вели Атанасов и додава дека треба да се подобри вкупната ситуација во државата.
Релативна сиромаштија во Македонија во 2011 година. Соопштение од Државен завод за статистика.

Релативна сиромаштија во Македонија во 2011 година. Соопштение од Државен завод за статистика.


„Стимулирањето на многудетноста кај луѓето од пониските слоеви, коишто живеат со многу низок стандард, е само производство и мултипликација на сиромаштијата. За тоа да не се случи ќе треба сè друго да подобрите во општеството и во државата – и работата, и стандардот, и можеби некаква кампања дека еве убаво е да се има деца и од таа вредносна матрица, но пред сè морате да работите на големата слика, а со директно стимулирање – еве ќе ви дадам извесен финансиски надомест, од утре можете да имате трето дете – тоа многу ретко успева некаде.“

Во прилог на оваа теза на професор Атанасов одат и податоците од Државниот завод за статистика. Податоците за 2011 година покажуваат дека 30,4 отсто од граѓаните на Македонија живеат под прагот на сиромаштија. Анализирано по профили, најранливи групи се повеќечлените домаќинства, имајќи предвид дека 48,5 отсто од сиромашните живеат во домаќинства со 5 и повеќе членови. Па така, речиси 40 отсто од луѓето што живеат во семејства со шест или повеќе членови се сиромашни, а сиромашни се скоро 36 отсто од луѓето што живеат во домаќинства со 5 членови.

На овие податоци се повикува и професор Мирјана Најчевска. Ако веќе теоретски дозволиме дека државата треба да преземе мерки за зголемување на наталитетот, тогаш треба да ја следи статистиката, вели таа.

„Едночленото, двочленото семејство е во некои 19-20 отсто од случаите под границата на сиромаштија, а повеќечленото семејство веќе се издига на 40, 50, па и над 50 насто од оние коишто се под границата на егзистенција.“

РСЕ: Која е тука причината. Што е постаро, јајцето или кокошката, сиромашните семејства имаат повеќе деца или семејствата со повеќе деца стануваат сиромашни?

„Па тука и двете перспективи можеме да ги гледаме. Од една страна, и во минатото и сега се раѓале повеќе деца во сиромашните семејства затоа што се очекува дека нема сите да преживеат. Посебно во минатото, се знаело дека од поголем број деца, многу помал број преживуваат и поради тоа биле и толку помногудетни семејствата. Од друга страна, во денешни услови, дефинитивно кога има повеќе деца многу е тешко и двајцата родители да работат, обично се оди со работа на еден од родителите или на живеење во некаква семејна заедница којашто ќе го обезбеди соодветното згрижување на децата без натамошни трошоци.“

Најчевска прашува и зошто воопшто би се стимулирал наталитетот.

„Во светски размери се раѓаат многу луѓе и земјината топка веќе многу тешко може да се справи на овој степен од развој, и со исхраната и со добробитта на толку голем број луѓе. Порано државите сакале што е можно повеќе луѓе да се раѓаат, затоа што се воделе војни, затоа што тие требало да бидат употребени како топовско месо, сега навистина е прашање зошто воопшто би се стимулирал наталитетот. Цивилизираните земји се соочуваат со фактот дека како што оди цивилизацијата и развојот на одредена држава, така се намалува и наталитетот и тие преземаат мерки за акомодирање на заедницата согласно тие податоци. Се преземаат мерки за справување со се она што значи потреба од поголема продуктивност на луѓето што произведуваат наспроти оние коишто не произведуваат и во секој случај, создавање на соодветен живот за сè поголемиот број постари луѓе“, вели Најчевска.

Најмногу деца во најсиромашните земји

Според Книгата на факти на ЦИА, најголем наталитет во светот имаат африканските земји, каде што на 1000 жители се раѓаат и до 50 деца. Во Европа, најголем наталитет има Турција каде што на 1000 жители се раѓаат повеќе од 17 деца, па потоа следува Ирска со скоро 16 деца на 1000 жители, Во Исланд се раѓаат 13 деца на 1000 жители, во Франција 12,7, во Молдавија и во Албанија по околу 12,5, во Велика Британија околу 12,3, а во Македонија 11,8 деца на 1000 жители. Најмалку новородени деца има во Монако, Хонг Конг, Сингапур, Германија, Јапонија, Јужна Кореја, Чешка, и Австрија. Помалку од 10 новородени деца на 1000 жители имаат Словенија, Босна и Херцеговина, Италија, Грција, Бугарија, Србија...

Речиси сите земји во развиениот свет се обидуваат да влијаат на зголемување на природниот прираст на населението. Некои со државни стимулации, некои со позитивна дискриминација за родителите, некои со зголемување на платеното породилно боледување... Успехот на овие мерки сè уште е тема на дискусија и во светски рамки.

Мерките за зголемување на наталитетот понекогаш оделе и до крајности. Едни од најригорозните мерки по Втората светска војна ги имаат спроведено Советскиот Сојуз и Романија. Советскиот Сојуз во 1941 година вовел данок на бездетност, според кој мажите меѓу 25 и 50 години и мажените жени од 25 до 45 години кои немале деца плаќале данок во висина од 6 отсто од приходите. Овој данок беше на сила до падот на комунизмот. Рускиот министер за здравство во 2006 година предложи враќање на ваквиот данок. Сличен предлог имаше и во Украина, но таквите предлози не беа усвоени.

Режимот на Чаушеску во Романија во 1966 година забрани абортус и контрацепција и им наложи на жените еднаш месечно да посетуваат гинеколог, по што секоја констатирана бременост морала да заврши со раѓање, освен во исклучителни ситуации.

Од друга страна, пак, земји како Кина или Индија се обидуваат да го намалат наталитетот поради пренаселеност.

Во Македонија, државата дава надомест во висина од 50 проценти од просечната плата во текот на десет години за секое трето родено дете, и за вработените и за невработените. Секоја мајка што ќе роди четири деца, со навршени 62 години ќе оствари право на пензија, ако не остварила право на пензија по друг основ.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG