Достапни линкови

Ромпуј: Нема воено решение за конфликтот во Сирија


Санкт Петерсбург, 05.09.2013

Санкт Петерсбург, 05.09.2013

Ситуацијата во Сирија е најголемата човечка трагедија на нашето време, а Европската Унија верува дека треба да бидат интензивирани напорите за политичко решение на конфликтот. Ова денеска во Санкт Петерсбург го изјавија водечките луѓе на Унијата, Жозе Мануел Баросо и Херман Ван Ромпуј, пред почетокот на самитот на Г 20. Нема воено решение за сиријскиот конфликт, туку само со политичко може да биде запрено крвопролевањето, кршењето на човековите права и деструкцијата на Сирија, оцени Ромпуј.
XS
SM
MD
LG