Достапни линкови

logo-print

НБ: посебна резерва на Македонската банка за поддршка на развојот


Советот на Народна банка на Република Македонија на денешната седница ја донесе Одлуката за методологијата за утврдување исправка на вредноста, односно за издвојување посебна резерва од страна на Македонската банка за поддршка на развојот.
Како што стои во соопштението, раководејќи се од специфичниот статус и задачите на Македонската банка за поддршка на развојот, утврдени со Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, Советот на Народната банка пропишува посебна методологија за исправката на вредноста, односно за издвојување посебна резерва од страна на Банката.
Со оваа одлука всушност се врши усогласување со Одлуката за управување со кредитниот ризик, донесена во март 2013 година, со одредени исклучоци, имајќи ги предвид специфичните активности што ги врши Банката.
XS
SM
MD
LG