Достапни линкови

logo-print

Хрватска ќе продава акции на националниот авиопревозник


Најдоцна до 15 октомври хрватската Влада ќе распише тендер за продажба на акции на националната авиокомпанија „Кроација ерлајнс“. Владата во Загреб планира да продаде 49 проценти од акциите. Меѓу потенцијлните купувачи се една кинеска компанија, индонезиската национална авиокомпанија и „Етихад“ од Обединетите Арапски Емирати, која купи 49 проценти од српската авиокомпанија ЈАТ. Хрватските економски аналитичари и лидери на синдикатите предупредија од „опасноста од продажба на преостанатото национално богатство“.
XS
SM
MD
LG