Достапни линкови

Косово бара УНМИК да си замине


Приштина

Приштина

Министерството за надворешни работи на Косово побара од мисијата на Обединетите наци УНМИК да се повлече од земјата со образложение дека нејзиното присуство го подрива процесот на признавање на независноста на Косово, соопшти денеска приштинскиот весник „Трибуна“. Според министерот за надворешни работи Енвер Хоџај, УНМИК имала важна улога во процесот на изградба на институциите во Косово, но нејзиниот мандат е исполнет. „По примената на планот на Марти Ахтисаари, откако над 100 земји ја признаа независноста на Косово, откако земјата се вклучи во многу меѓународни механизми, постигна спогодба со Србија и почна преговори со ЕУ за Спогодбата за стабилизација и асоцијација, нема причини УНМИК да биде во Косово, ниту резолуцијата 1244 на Советот за безбедност да остане оперативна и функционална“ рече Хоџај.
XS
SM
MD
LG