Достапни линкови

Зголемена борбена готовост на турската војска


Турските вооружени сили се во зголемена борбена готовност на границата со Сирија, објави „Милиет“. Весникот наведува дека одлуката е донесена поради реалната опасност за турските погранични реони. Тензиите настанаа по двонеделните жестоки судири во североисточниот дел на Сирија меѓу курдските борци и бунтовниците од екстремистичките групи, блиски до Ал Каеда. Стотици жители ги напуштија реоните каде се водат борбите. Турски воени авиони секојдневно патролираат по неколку часа во реонот на турско-сириската граница. Армијата ги контролира и илегалните патишта по кои можe да се влезе на турска територија. Турските медиуми наведуваат дека во последните денови во Анкара се одржале две вондредни седници на Владата на премиерот Реџп Таип Ердоган за преземање мерки за безбедноста на 900-километарската граница со Сирија.
XS
SM
MD
LG