Достапни линкови

Владините партнери поделени и за добрососедството


Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети и амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети и амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.

Низата ситуации во кои се покажа разединетост на владините партнери укажува на тоа дека се комплицира дејствувањето на оваа влада, коментираат познавачите.

Поделената улога на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во комуникацијата со соседните земји за некои од експертите значи разединетост во владината коалиција, а за други претставува начин да се прикрие состојбата во која се наоѓа земјата. ДУИ првин не присуствуваше на заедничката седница меѓу македонската и српската влада, како и на неодамнешната посета на Бугарија.
Колку и да се сака да се прикрие тоа, јасно е дека за многу работи се разликуваат нивните ставови и во однос на изнаоѓање на решение за името, компромисот, и во однос на евроатланските интеграции и во однос на внатрешните проблеми во Република Македонија.
Исмет Рамадани, политички аналитичар.

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека се потврдува оти постојат големи разлики во владата и коалиционите партнери.

„Колку и да се сака да се прикрие тоа, јасно е дека за многу работи се разликуваат нивните ставови и во однос на изнаоѓање на решение за името, компромисот, и во однос на евроатланските интеграции и во однос на внатрешните проблеми во Република Македонија, така што како што поминува времето се комплицира дејствувањето на оваа влада.“
Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Поранешниот дипломат, професор Нано Ружин вели дека се добива впечаток дека коалиционите партнери не по нивен претходен договор како да ги поделиле соседите со кои можат да најдат заеднички јазик.
Меѓутоа со оглед дека трпиме страшни притисоци од страна на меѓународната заедница, сметам дека Груевски настојува намерно да покаже дека со Бугарија и Србија нема проблеми и дека со нив може да се функционира.
Нано Ружин, универзитетски професор.

„Тука не би сакал да кажам дека се работи за одредени заеднички верски, православни аспекти, туку едноставно полесно оди дијалогот. Меѓутоа со оглед дека трпиме страшни притисоци од страна на меѓународната заедница дека односите со соседите се нарушени, сметам дека Груевски настојува намерно да покаже дека со Бугарија и Србија нема проблеми и дека со нив може да се функционира.“

Рамадани очекува ДУИ да ја напушти коалицијата или да бидат распишани предвремени избори.

„Затоа што притисокот од надвор и сето тоа што ни се случуваат внатре веќе наговестуваат дека оваа коалиција не може да функционира, односно не може да ги задоволи потребите на државата и очекувањата на ЕУ.“

За Ружин целта на владата е прикривање на внатрешните проблеми, кои ги кочат евроатланските интеграции.

„Убаво му е на Груевски да оди во соседните земји за внатрешна и за надворешна употреба, но мора да ги засука ракавите и да ја попушти демократската стега.“

Владиниот портпарол која средбата во Бугарија ја претстави како заедничка средба на владите беше демантиран од ДУИ и од премиерот Никола Груевски.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG