Достапни линкови

logo-print

Најновите случувања на релација ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, тоа што секоја посебно води своја надворешна политика, исто така во голема мера влијае на меѓуетничките односи, коментираат познавачите.

Дали спорот со името ќе биде нов адут на политичарите за меѓуетнички тензии, а со тоа и влошување на политичката состојба во земјава. Веќе подолго време оваа дилема провејуваше во јавноста, а се засили во последниов период кога се интензивираа преписките меѓу ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ преку медиумите за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција. Кому му оди во прилог ваквата состојба кога Македонија е на прагот на евроинтеграциските процеси. Експертите сметаат дека тензиите меѓу коалициските партнери се параван за неуспесите на меѓународен план и во економијата и дека се позната формула за да се пренасочи вниманието.
Имајќи предвид дека Македонија е постконфликтна држава, имајќи предвид дека имаме Рамковен договор, имајќи предвид дека целото општество е исполитизирано, за жал, и децата, јасно е и очигледно дека постапките на политичките партии секако влијаат на меѓуетничките односи, затоа секој со совојот удел треба да придонесе.

„Секогаш кога политичарите ќе дојдат до нешто кога не оди во државата, на пример со ЕУ, НАТО, економијата итн, тогаш посегнуваат по меѓуетничките односи. Најновите случувања со двете владејачки партии, тоа што секоја посебно води своја надворешна политика, исто така во голема мера влијае на меѓуетничките односи“, изјави Владо Димовски од Центарот за меѓуетнички односи.

Џабир Дерала од невладината Цивил ја повторува тезата дека меѓуетничките односи се секогаш лесно распламтливи преку ноќ и се моќно оружје на политичарите за реализација на нивните цели и добивање поени на политичко конто.

„Последниве неколку години забележуваме една засилена пракса на мешање на меѓуетничките односи во доменот на развојот и воопшто во постоењето на државата, токму од водечките, односно од владејачките политички структури.“
Последниве неколку години забележуваме една засилена пракса на мешање на меѓуетничките односи во доменот на развојот и воопшто во постоењето на државата, токму од водечките, односно од владејачките политички структури.

Познато беше дека и кампањата за локалните избори пред неколку месеци се водеше под знакот на националната реторика и дека имаше тензии, протести и контра протести. Експертите напоменуваат дека во Македонија меѓуетничките односи се уште се кревки и дека постои опаснсот нивната инструментализација да излезе од рамки на очекуваното, а сето тоа да си го зема својот данок. Се уште 2001 година не е така далеку, а луѓето имаат долга меморија велат експертите.

Градоначалникот на Чаир и потпретседател на ДУИ Изет Меџити, кој е гостин во интервјуто што ќе се емитува во недела, вели дека не е ништо ново кога ќе се каже дека политичките партии со своите постапки и однесувања влијаат врз меѓуетничките состојби.

„Имајќи предвид дека Македонија е постконфликтна држава, имајќи предвид дека имаме Рамковен договор, имајќи предвид дека целото општество е исполитизирано, за жал, и децата, јасно е и очигледно дека постапките на политичките партии секако влијаат на меѓуетничките односи, затоа секој со совојот удел треба да придонесе.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG