Достапни линкови

Полицијата тепа според закон


Протест против полициска бруталност во Скопје на 10 јуни 2011 година.

Протест против полициска бруталност во Скопје на 10 јуни 2011 година.

Кога некој граѓанин пријавува и покренува постапка против некој полициски службеник за прекумерна употребна на сила, добива контра тужба од полицаецот дека бил извршен напад врз службено лице. Тоа е и една од причините зошто граѓаните често се повлекуваат од постапките, стравувајќи дека од жртва ќе добијат статус на обвинет, објаснуваат во Хелсиншкиот комитет.

Влегува 32-годишен татко во продавница да купи пелени за своето новородено дете. Но, во дел од секунда, од татковската грижа за детето го одвојува стравот кога во продавницата влегуваат полициски специјални сили, вршат претрес, го приведуваат таткото и го носат во притвор. Темна соба, човек врзан со лисици и полицајци што го испрашуваат. Ова е класична сцена од холивудски филм, но за нашиот соговорник ова е реалност.
Требаше да купам памперс, така што додека бев во дуќанот не знам што и како се случувало, меѓутоа одеднаш дојдоа еден куп полицајци, алфи, униформирани со шлемови, со заштитни визири, со пендреци, со панцири на нив и одеднаш почнаа да влегуваат во дуќанот, почнаа да удираат без да кажат или да прашуваат нешто. Удираа со пендреци, со боксови, со клоци, со што им беше позгодно за мавање, така маваа. Едниот ме исправи, па дојде другиот и пак маваше. И така нè маваа сè додека не нè ставија внатре во комбето.

„Требаше да купам памперс, така што додека бев во дуќанот не знам што и како се случувало, меѓутоа одеднаш дојдоа еден куп полицајци, алфи, униформирани со шлемови, со заштитни визири, со пендреци, со панцири на нив и одеднаш почнаа да влегуваат во дуќанот, почнаа да удираат без да кажат или да прашуваат нешто. Удираа со пендреци, со боксови, со клоци, со што им беше позгодно за мавање, така маваа. Едниот ме исправи, па дојде другиот и пак маваше. И така нè маваа сè додека не нè ставија внатре во комбето.“
Илустрација.

Илустрација.


Вака почна да ја раскажува својата приказна нашиот соговорник кој побара да остане анонимен поради притисоците со кои се соочува. Тој е вработен во Министерството за одбрана па стравува од можни последици.
Предадена е истата таа претставка, меѓутоа имам добиено одговор дека тие наводно се оградуваат од сето тоа, така пишува во одговорот од претставката, дека тие си ја вршеле службата во рамките на дозволеното, меѓутоа сликите и лекарското уверение кажуваат друго.

„Ме обиколија околу осум души, значи тоа е чисто за да не избегам. Јас им ја покажав мојата легитимација и тие само ја видоа, бидејќи тоа е воена легитимација, рекоа дека тоа за нив не важи, ја фрлија легитимацијата на подот, јас се наведнав да ја земам, а тие продолжија да удираат“, вели нашиот соговорник кој инсистира на анонимност.

Ова се случува во скопската населба Топаана, а со него биле приведени и сопственикот на дуќанот и уште еден муштерија. Полицијата се сомневала дека тие се виновни за извршено кривично дело, напад врз службено лице со каменување, додека се обидувале да уапсат затвореник кој не се вратил во затворот по слободниот викенд. Во притвор биле речиси два дена со врзани лисици на рацете. Точно објаснување за причините за нивното приведување добиле следниот ден од истражниот судија.

„Судијката кажа дека сето тоа се случи на улица 376 број 250, а тие дојдоа на улица 376 број 2. Тоа е значи 248 куќи оддалечено од настанот“, вели тој.
Најмногу се жалат на несоодветно однесување на полициските службеници при остварувањето на нивните овластувања, но и на прекумерна употреба на физичка сила. Извештаите на меѓународните организации говорат за тоа дека сè уште има случаи на пречекорување на службените овластувања на полицијата, иако последните извештаи на Народниот правобранител, пак, говорат дека бројот на претставки кога станува збор за тие прашања е намален.

Нашиот соговорник вели дека полицијата употребила прекумерна сила и со помош на Хелсиншкиот комитет покренал постапка пред секторот за внатрешна контрола во МВР.

„Предадена е истата таа претставка, меѓутоа имам добиено одговор дека тие наводно се оградуваат од сето тоа, така пишува во одговорот од претставката, дека тие си ја вршеле службата во рамките на дозволеното, меѓутоа сликите и лекарското уверение кажуваат друго“, вели нашиот соговорник.
Архивска фотографија: Протест против полициска бруталност во Скопје.

Архивска фотографија: Протест против полициска бруталност во Скопје.


За овој случај реагираше и Европскиот центар за правата на Ромите со седиште во Будимпешта кој испрати протестно писмо до надлежните органи да се спроведе истрага за прекумерна употреба на сила од специјалните полициски единици во населбата Топаана. Во нивното соопштение е наведено дека специјалната единица „Алфи“, заедно со регуларните полициски сили, додека биле во потрага по затвореник кој не се вратил во затвор откако бил пуштен на слободен викенд, претепале десетина локални жители, меѓу кои и три жени. Од МВР негираат дека била употребена прекумерна сила.

Директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, вели дека во земјава сè уште се евидентираат случаи каде што полицијата ги пречекорува своите овластувања и врши кршење на човековите права.
Полициските службеници при примена на мерките од овластувањата и самите честопати се цел на напад и неретко им се нанесуваат телесни повреди или потешки последици по животот и здравјето. Бевме сведоци изминативе години за жал дека имавме и настрадани полициски службеници.

„Најмногу се жалат на несоодветно однесување на полициските службеници при остварувањето на нивните овластувања, но и на прекумерна употреба на физичка сила. Извештаите на меѓународните организации говорат за тоа дека сè уште има случаи на пречекорување на службените овластувања на полицијата, иако последните извештаи на Народниот правобранител, пак, говорат дека бројот на претставки кога станува збор за тие прашања е намален“, вели Пировска.

Таа додава дека контра тужбите се редовна појава, односно кога некој граѓанин пријавува и покренува постапка против некој полициски службеник за прекумерна употребна на сила, добива контра тужба од полицаецот дека бил извршен напад врз службено лице. Тоа е и една од причините зошто граѓаните често се повлекуваат од постапките, стравувајќи дека од жртва ќе добијат статус на обвинет, па освен ќотекот ќе може да заработат и судска казна.
Државата треба своите граѓани да ги штити, а не да ги малтретира. Тоа е најболното во државата. Ниту еднаш не сум бил повикан од внатрешна контрола, да ме праша, изјава да ми земе, само нивните докази ги гледаат, не и моите. Тоа е најнетранспрентен начин на работа, тоа ни во Северна, ни во Јужна Африка не се прави.

„Тоа е редовна појава за жал, но она што е уште посимптоматично во овие постапки е дека судот многу зачудувачки брзо постапува по тужбите кои се поднесуваат против граѓаните, отколку по оние пријави што ги поднесуваат граѓаните против полициските службеници.“

Адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека во неговото искуство во вакви случаи не сретнал многу проблеми и изигрување на законот.
Архивска фотографија: Протест против полициска бруталност во Скопје.

Архивска фотографија: Протест против полициска бруталност во Скопје.


„Имавме кривични пријави за напад на овластено службено лице, но сме имале и предмети каде што имало тужба за надомест на штета против полицаец или преку прекумерна употреба на сила во кривична постапка. И обично и едните и другите завршиле со осудителна пресуда“, вели Давидовиќ.

Пировска вели дека не може да се очекува од Секторот за внатрешна контрола како дел од МВР да функционира независно и да постапува по претставките на граѓаните, кога тој сектор е во надлежност на министерот.
Третманот на кој што се подложни притворените лица е построг. Тие се подложни на брутално полициско однесување, на малтретирање. На повеќе од притворените лица за кои има некој предзнак дека се политички притворени или дека има политички мотивирани случаи против нив, се деражираат во самите притвори, се подложни на психичка тортура, се подложни на физичка тортура, можеби не во тој елемент да има видливи докази на нивното тело дека се тепани или малтретирани, но психичкото насилство врз нив е доста изразено.

Последните извештаи на Народниот правобранител покажуваат дека бројките на жалбите за полициска бруталност се намалува, додека, пак, се зголемува бројот на претставки за полициско непостапување, односно на пасивниот однос на полициските служебници, како и за непочитувањето на кодексот за полициска етика. По оваа основа минатата година биле евидентирани 220 претставки.

Според извештајот на Секторот за внатрешна контрола во МВР, објавен на нивната интернет страна, пак, е регистриран зголемен број на поплаки на граѓани. Во текот на 2012 година се примени вкупно 596, што преставува пораст за 42 отсто во однос на претходната година.

Во продолжение на извештајот се вели дека Секторот за внатрешна контрола испитал 1.644 случаи во кои биле посочени пречекорувања на овластувања и злоупотреби на службената положба и овластување на службени лица, што претставува пораст на случаите за 31,5 отсто во однос на претходната година. Во него е наведено дека причината за зголемениот број на претставки е резултат на зголемената доверба на граѓаните што ја имаат во професионалниот и непристрасен пристап во работата на Секторот, а од друга страна, пак, зголемениот број на случаи се должи и на подигнатата свест на вработените во Министерството за внатрешни работи, што може да се види од бројот на службени материјали што се доставуваат до Секторот, со кои се пријавува непрофесионално и незаконско постапување на своите колеги.
Должни се истражните органи, истражниот судија да ви соопшти за што сте обвинети или осомничени и да ви ги презентира доказите. За жал тоа не се случува. Доказите не се презентираат затоа што најчесто и ги нема во тој миг, туку се прибираат многу подоцна преку ПИМ мерки, прислушкување на телефони, обработка на податоци, на фотографии и сето тоа и вие немате можност како обвинет да се изјасните, а тогаш добивате мерка притвор која не е веќе мерка, туку станува казна, бидејќи навистина долго трае, шест месеци обично, па после подигнување на обвинителниот акт, година или две во зависност од запретената казна.

Од анализа на структурата на добиени и постапени предмети по претставки од граѓани, може де се констатира дека во 758 случаи наводите изнесени во претставките се неосновани, се вели во извештајот на Секторот за внатрешна контрола.

Во продолжение е наведено дека 157 случаи се основани, 126 предмети се без исход, односно нема доволно докази за да се потврдат или отфрлат наводите во претставката, 40 се делумно основани, за седум предмети има потреба од дополнително преземање на мерки, односно проверките продолжуваат, за 33 случаи по извршените проверки на наводите во претставките е утврдено дека нема основ за постапување или не се во надлежност на Секторот.

За утврдените неправилности, Секторот против 347 полициски службеници изрече задолжителна мерка за поведување на постапка за утврдување на одговорност пред Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност, од нив за 13(9) припадници на МВР изречена е и задолжителна мерка да бидат отстранети од работното место во Министерството - суспендирани се до завршување на постапката пред Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност.
Архивска фотографија: Евроамбасадорот Аиво Орав во посетата на затворот во Прилеп.

Архивска фотографија: Евроамбасадорот Аиво Орав во посетата на затворот во Прилеп.


Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котевски вели дека оваа година Секторот за внатрешна контрола постапил по 32 пријави.

„Во кои што е наведено дека од полициски службеници врз граѓани била употребена физичка сила. По преземените мерки и обезбедувањето на докази, односно по спроведена истрага е утврдено дека 22 поднесоци се неосновани, односно употребата на физичката сила од страна на полицијата била оправдана или, пак, има случаи кога е утврдено дека воопшто не била употребена физичка сила или средства за присилба“, вели Котевски.

Тој додава дека за еден случај е утврдено дека неоправдано е употреба сила и против полицаецот е покрената кривична пријава, а Секторот за внатрешна контрола изрече мерка за утврдување на дисциплинска одговорност и додека трае постапката тој е суспендиран. Котевски вели дека во 9 од случаите по кои постапувал Секторот не се обезбедени доволно докази за да се утврдат наводите. За седум случаи се поднесени извештаи до надлежните јавни обвинителства.

Полицијата може да употребува средства за присилба кога се исполнети условите од Законот за полиција. Под присилба се подразбира употреба на соодветен физички или механички притисок само во случај кога полициските работи на друг начин не може да бидат извршени.

„Средствата за присилба во смисла на овој закон се физичка сила, полициска палка, средства за врзување лица, уред за присилно запирање на возила, како и службено куче и посебни видови на оружје“, вели Котевски.

Тој додава дека полицајците честопати се цел на напад.

„Полициските службеници при примена на мерките од овластувањата и самите честопати се цел на напад и неретко им се нанесуваат телесни повреди или потешки последици по животот и здравјето. Бевме сведоци изминативе години за жал дека имавме и настрадани полициски службеници“, вели Котевски.

Поголем дел од поплаките на граѓаните кои стигнале до Народниот правобранител се однесуваат на непостапување на полицајците со цел заштита на имот на граѓани, недавање на информации за дејствија преземени по поднесени поплаки и пријави, како и неетичко однесување при контрола на сообраќајот. Во извештајот од минатата година е наведено дека е забележан напредок во професионалниот пристап и почитувањето на законските права на граѓаните од страна на припадниците на специјалните единици при спроведување на полициски акции, но сè уште има случаи во кои се прекршуваат човековите слободи со употреба на средства за присилба. Во продолжение е наведено дека и натаму останува потребата од јакнење на степенот на непристрасност, професионален пристап и поголема ангажираност во обезбедување на евентуална злоупотреба на полициските овластувања.

Во текот на изминатата година, „Коалицијата Сите за правично судење“ евидентирала 23 жртви на полициска злоупотреба на овластувањата и положбите, од кои половина од поплаките се однесуваат на тортура и полициска бруталност.

Од поднесените жалби за полициска тортура од припадници на МВР, организацијата евидентирала 54 сторители. Најмладата жртва на полициска тортура евидентирана во организацијата имала под 16 години. Во извештајот на Коалицијата е наведено дека загрижува фактот што кај дел од случаите жртвите се откажуваат од понатамошна постапка, како и тоа што самоиницијативно не се залагаат за решавање на сопствените случаи.

Најголем дел од останатите жалби се однесуваат на психолошки притисок врз жртвите да се откажат од некои права, како и неуспех на полицијата да го заштити животот и имотот на граѓаните.

Разговаравме се пензионер од Неготино кој вели дека веќе десетина години се бори со системот поради прекршување на неговите права, односно поради погрешни податоци во полицијата обвинет е дека како родител истепал дете.

„Монтиран е, земена е изјава од родителот и според податоците негови како јас да сум го натепал неговото дете. Од полицијата не преземаа ништо, јас одев 2003, 2004 и половина од 2005 година во полиција, таму не сака ни да ме примат, ни да ме сослушаат, ми се закануваа“, вели нашиот соговорник.

Тој додава дека институциите немаат слух за неговиот проблем и не сакаат да ги примат неговите доказни материјали.

„Државата треба своите граѓани да ги штити, а не да ги малтретира. Тоа е најболното во државата. Ниту еднаш не сум бил повикан од внатрешна контрола, да ме праша, изјава да ми земе, само нивните докази ги гледаат, не и моите. Тоа е најнетранспрентен начин на работа, тоа ни во Северна, ни во Јужна Африка не се прави“, вели тој.

Извршниот директор на „Коалицијата Сите за правично судење“, Кирил Ефремовски, вели дека во последните две години, вклучувајќи ги и првите 6 месеци од годинава, најголем број на поплаки се однесуваат на полициско непостапување, а во втор ред е прекумерната употреба на сила и нечовечко и понижувачко однесување од страна на полициските службеници.

Ефремовски објаснува дека човековите права често се прекршуваат и во истражните постапки. Определувањето на мерката притвор стана редовна пракса во македонскиот правосуден систем.

„Информациите што ги имаме говорат дека и понатаму е иманентен проблемот со прекумерна употреба на сила и брутално однесување од страна на службените лица во притворските одделенија. Алармантна е ситуацијата со притворот во Шутка кој е најголем од таков вид во државата“, вели Ефремовски.

Меѓународните организации кои се занимаваат со превенција од тортура укажуваат на тоа дека мерката притвор во земјава предолго трае и дека недоволно се наведуваат причини зошто судиите се одлучуваат на тоа. Во една анализа на ОБСЕ од 2009 година е наведено дека македонските судии пречесто ја изрекувале мерката притвор, а образложенијата за нив им биле шаблонски и неаргументирани. Од 595 решенија за притвор, во 516 биле констатирани недостатоци. Еден притвореник дневно ја чини државата приближно околу 1000 денари - пари од буџетот. Таа ставка од година в година се зголемува - ако во 2006 изнесува 950 илјади евра, во 2007 се зголемила на еден милион и 350 илјади евра. За последните години нема податоци, но може да се претпостави дека е зголемена, со оглед на големите акции за апсење на оние кое се огрешиле пред законот.

Додека владата рекламира дека врши големи реформи во тој сектор на санкции, установи, судство, третманот на осомничените во притворите е како во средновековието, велат активистите за заштита на човекови права. Ефремовски вели дека притворот станува посурова казна од самата затворска казна.

„Третманот на кој што се подложни притворените лица е построг. Тие се подложни на брутално полициско однесување, на малтретирање. На повеќе од притворените лица за кои има некој предзнак дека се политички притворени или дека има политички мотивирани случаи против нив, се деражираат во самите притвори, се подложни на психичка тортура, се подложни на физичка тортура, можеби не во тој елемент да има видливи докази на нивното тело дека се тепани или малтретирани, но психичкото насилство врз нив е доста изразено“, вели Ефремовски.

Тој додава дека мерката притвор честопати е инструмент за политичка пресметка.

Притворените од случајот Фаланга, Пајажина, Змиско око, Метастаза, браќата Миладинови и кој ли уште не - година, две, па и три поминаа во притвор, во очекување на окончување на нивниот процес. Неретко нивните случаи завршуваат со тоа што притворениците се ослободуваа, а никој не им се извинил, или им плати за тоа што поминале толку време во затвор. Последен пример е притворањето на новинарот Томислав Кежаровски.

Адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека во неговото долгогодишно искуство забележал дека во истражната постапка, должината на притворот е најчесто прекршување на човекови права.

„Должни се истражните органи, истражниот судија да ви соопшти за што сте обвинети или осомничени и да ви ги презентира доказите. За жал тоа не се случува. Доказите не се презентираат затоа што најчесто и ги нема во тој миг, туку се прибираат многу подоцна преку ПИМ мерки, прислушкување на телефони, обработка на податоци, на фотографии и сето тоа и вие немате можност како обвинет да се изјасните, а тогаш добивате мерка притвор која не е веќе мерка, туку станува казна, бидејќи навистина долго трае, шест месеци обично, па после подигнување на обвинителниот акт, година или две во зависност од запретената казна“, вели Давидовиќ.

Невладините организации во земјава кои се занимаваат со прашања за човековите права во полициска постапка препорачуваат едукација, како на полициските службеници за меѓународните стандарди за правата во полициската постапка, но и да се работи на јакнењето на свеста кај граѓаните за полициските овластувања и правото на жалба доколку нивните права се прекршат. Меѓународните и домашните невладини организации посочуваат дека внатрешната контрола и натаму оддава слика на недоволно ефикасна и независна и укажуваат на потребата од формирање и зајакнување на независни надворешни механизми на контрола. Тие порачуваат дека неказнивоста на полициските грешки укажуваат дека некои граѓани „се поеднакви од другите“ и само го продлабочуваат јазот и недовербата на граѓаните во институциите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG