Достапни линкови

Една година од убиството на Нешкоски - протестите продолжуваат


Од движењето Стоп за полициска бруталност најавуваат дека ќе продолжат протестите, затоа што одговорните институции ги игнорираат нивните барања за подобро МВР.

Протесттие против полициска бруталност продолжуваат, барањата се истите, а ист е и игнорантскиот однос од страна на институциите, велат од граѓанското движење Стоп за полициска бруталност.
Наидовме на мошне дрзок однос, јас се извинувам што ќе ги навредам аутистичните луѓе, но власта и сите оние луѓе што се одговорни по овој случај се тотално аутистични, имаат тотално индолентен, игнорантски и навредлив однос кон сите граѓани од кои земаат плата.
Кирил Ефремовски, активист во движењето Стоп за полициска бруталност.

Остануваат барањата за надворешна контрола врз припадниците на МВР, за темелна реформа на специјалните единици и за хуманизација на професијата полицаец, преку ангажирање на полицајците во општествено корисна работа. Ниту едно од барањата не е исполнето, вели Кирил Ефремовски од Стоп за полициска бруталност.
Протест против полициска бруталност, 10 јуни 2011.
Протест против полициска бруталност, 10 јуни 2011.

„Наидовме на мошне дрзок однос, јас се извинувам што ќе ги навредам аутистичните луѓе, но власта и сите оние луѓе што се одговорни по овој случај се тотално аутистични, имаат тотално индолентен, игнорантски и навредлив однос кон сите граѓани од кои земаат плата“.
Тоа што не не удостоија со некаков вид на одговор не значи дека не не слушнале, напротив тие премногу добро знаат што се случува и го следат секој наш чекор. Меѓутоа и покрај тоа, веројатно таква е политичката волја и клима во моментов да не се наиде на соодветна реакација, за жал.
Кирил Ефремовски, активист во движењето Стоп за полициска бруталност.

Ефремовски вели дека на почетокот, претседателот на државата изразил некаква подршка, но тоа било се, иако барале средба тој не ги прими, а министерката за внатрешни работи за целиот период не нашла време да ги сослуша. Тој додава дека протестите продолжуваат со барање за подобро утре и подобро МВР, затоа што, како што вели, полицијата не може целосно сама себе си да се контролира.

„Тоа што не не удостоија со некаков вид на одговор не значи дека не не слушнале, напротив тие премногу добро знаат што се случува и го следат секој наш чекор. Меѓутоа и покрај тоа, веројатно таква е политичката волја и клима во моментов да не се наиде на соодветна реакација, за жал.“
Протест против полициска бруталност организиран на повик на братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар на 29 септември 2011.
Протест против полициска бруталност организиран на повик на братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар на 29 септември 2011.

Во соопштението од движењето Стоп за полициска брутланост се наведува дека по една година, веќе се помириле со нечовечноста на чиновниците на репресивниот систем како Гордана Јанкулоска и Иво Котевски, кои продолжуваат со градењето на нивните професионални и политички кариери без трошка грижа на совест за нивниот обид да ја излажат јавноста, но никогаш нема да се помират со постоењето на полициски единици кои се неотчетни кон граѓаните и кои се постојана закана за личната безбедност.

Од МВР, пак, велат дека немаат причина да полемизираат со нив. А што се однесува до барањата, стојат на ставот дека на барањата им било одговорено уште на почетокот, а тоа што некој се согласува или не се согласува со одговорите е негово лично право.

Од движењето Стоп за полициска бруталност најавуваат дека вечерва ќе го посетат местото каде пред една година беше убиен Мартин Нешкоски, кој беше жртва на бруталноста од страна на припадник на специјалните единици на МВР. А, за утре е планирана протестна прошетка од споменикот на Мајка Тереза до МВР и Собранието.

Од протестите кои траеја повеќе од месец, и чија посетеност беше голема, единствената реална победа беше обелоденувањето на овој случај. Од страна на властите кои носеа директна одговорност од многу страни за овој случај, единствено што добија оние кои бараа превенција на ваквите случаи беше дискредитирањето, смислената кампања за спинување и дефокусирање на јавноста за да не се солидаризира, игнорирање и целосно отфрлање на легитимното граѓанско право да се бара, пишува во онлајн колумната за РСЕ, Тамара Атансовска, граѓански активист.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG