Достапни линкови

Притворот станува казна, а не мерка


Илустрација

Илустрација

Во Македонија се злоупотребува мерката притвор, велат упатените во оваа проблематика. Меѓународните организации кои се занимават со превенција од тортура, укажуваат на тоа дека недоволно се наведуваат прични зошто судиите се одлучуваа на мерка притвор.

Притворените од случајот Фаланга, Пајажина, Змиско око, Метастаза, браќата Миладинови, Бајруш, Смиленски и кој ли уште не - година, две, па и три поминаа во притвор, во очекување на окончување на нивниот порцес. Неретко нивните случаи завршуваат со тоа што притворениците се ослободуваа, а никој не им се извинил, или им плати за тоа што поминале толку време во затвор.
За жал нашите судии не разбираат дека доволно е да ставиш некого во притвор и да го заборавиш, без да размислуваш дека си му создал и на него и на семејството и на околината огромни проблеми, станува полека не мерка туку казна, а е една од последните мерки во законот за кривична постапка.

Адвокатот Звонко Давидовиќ раскажува за случајот кога клинтите кои ги бранел биле ослободени после 29 месеци во притвор. Тој вели дека по завршувањето на процесот, новинарите го прашале по што ќе го помни предметот. По времето, им одговорил.

„Во мојот живот во тие скоро 3 години се случи сешто, а во нивните животи не се случи баш ништо, времето застана. Ама тоа за жал нашите судии не разбираат дека доволно е да ставиш некого во притвор и да го заборавиш, без да размислуваш дека си му создал и на него и на семејството и на околината огромни проблеми, станува полека не мерка туку казна, а е една од последните мерки во законот за кривична постапка.“

Илустрација

Илустрација

Меѓународните организации кои се занимават со превенција од тортура укажуваат на тоа дека мерката притвор во земајта предолго трае и дека не доволно се наведуваат прични зошто судиите се одлучуваат на тоа.

Доколку е изречена, мора да се настојува траењето на мерката притвор да биде сведено на минимум односно да се сведе само на неопходно потребното време и пред се да се употребува само кога интересите на кривичната постапка не можат да бидат постигнати и заштитени со други мерки.
Во една анализа на ОБСЕ од 2009 година е наведено дека македонските судии пречесто ја изрекувале мерката притвор, а образложенијата за нив им биле шаблонски и неаргументирани.

Од 595 решенија за притвор, во 516 биле констатирани недостатоци. Државата, еден притвореник дневно ја чини​ приближно околу 1000 денари, пари од буџетот. Таа ставка од година в година се зголемува - ако во 2006-та изнесува 950 илјади евра, во 2007 се зголемила на еден милион и 350 илјади евра. За последните години нема податоци, но може да се претпостави дека е зголемена, со оглед на големите акции за апсење на они кое се огрешиле пред законот.

Додека владата рекламира дека врши големи реформи во тој сектор на санкции, установи, судство, гледаме дека тоа се ограничува само на градежни зафати онде или овде, вели Џабир Дерала од невладината Цивил која се занимава со граѓанските права.

„Кон затворениците и притворениците во земјава се постапува како во среновековието.“

Во услови кога судскиот систем во Македонија со години добива критики во извештајот од ЕУ, неопходно е да се спроведат реформи со кои ќе се сменат некои практики, вели експертите.

Илија Адамчевски од Коалицијата сите за правично судење вели дека треба да се води рестриктивна политика кон изрекувањето на притвор.

„Доколку е изречена, мора да се настојува траењето на мерката притвор да биде сведено на минимум, односно да се сведе само на неопходно потребното време и пред се да се употребува само кога интересите на кривичната постапка не можат да бидат постигнати и заштитени со други мерки.“

Во една анализа на Советот на Европа се наведува дека според грубите процени 25 отсто од европската затворска популација се притвореници. Бројките значително варираат од земја до земја, од 11 отсто во Чешка до 42 отсто во Италија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG