Достапни линкови

Трансатланска шпионажа - животот на другите


Од прекинување на соработката меѓу американските и европските тајни служби до азил за Едвард Сноуден – политичарите во Европа различно реагираат на информациите за трансатланската шпионажа на Соединетите држави. Острите реакции не се на место, смета неделникот „Економист“ кој во својата анализа на ситуацијата заклучува дека е подобро да се соработува со Американците отколку да се третираат за наперијатели.

Многумина Европејци доказите за шпионажа ги интерпретираат како доказ за американска ароганција, налик на војната во Ирак, нападите на беспилотните летала и тајните затвори, пишува магазинот.
Во очите на Американците, Европејците се лабави и уморни, слободни души кои неретко несоодветно се справуваат со исламски екстремизам, прекинуваат санкции, флертуваат со диктаторства и им протекуваат информации кон руските и кинеските тајни служби.

Дел од европските политичари побараа силен одговор и од тука, според „Економист“, се дискутира за неколку опции: Првата идеа е суспендирање на договорите за споделување на финансиски и други податоци меѓу американските и европските разузнавачки агенции.
Се размислуваше и за суспензија на преговорите за формирање на трансатлански трговски пакт, а не изостанаа ни предлозите и повиците да му се понуди азил на човекот кој ја крена целата врева: Едвард Сноуден.
Франција

Франција


Кој било од овие пристапи би бил погрешен, се анализира во неделникот со појаснување:

„Првата причина е дволичност. Франција има силни сервиси за меѓународна безбедност кои ја шпионираат Америка со цел економски и политички придобивки. Повеќето информации кои ги прибираат Американците за контра-тероризам се споделуваат со европските земји. Поголем дел од американската тајна активност е во партнерство со европските земји, па дури и со Германија пишува „Економист“.

Втората причина против острите реакции, според неделникот, се интересите на европските земји. Американскиот безбедносен чадор им обезбедува сигурност на европските земји кои не мора да плаќаат премногу за разузнавање.

„Во очите на Американците, Европејците се лабави и уморни, слободни души кои неретко несоодветно се справуваат со исламски екстремизам, прекинуваат санкции, флертуваат со диктаторства и им протекуваат информации кон руските и кинеските тајни служби“, анализира медиумот.

На крај, треба да се размисли и за целесходноста на заканите, пишува во анализата, во која се заклучува: „Америка и покрај сè ќе продолжи со операции против сите со исклучок на неколку блиски сојузници како Канада и Британија. Подобро е да се соработува со Американците отколку да се третираат како непријатели“.
XS
SM
MD
LG