Достапни линкови

logo-print

Сноуден, херој или предавник?


Едвард Сноуден.

Едвард Сноуден.

Дваесетидевет годишниот Американец Едвард Сноуден, кој тврди дека работел за Националната безбедносна агенција и за ЦИА, призна дека оддал информации за тајните американски програми за надзор на комуникациите. Тој вели дека тоа го сторил, бидејќи неговата земја градела неодговорна и тајна шпионска машина за следење на сите Американци.

Весниците „Вашингтон пост“ и „Гардијан“ минатата недела објавија написи со детали за тоа како американските тајни служби надгледуваат податоци за телефонски повици од операторот „Веризон“, како и интернет посети од големите компании, меѓу нив Гугл и Фејсбук.
Мислам дека на јавноста и се должи објаснување дека мотивите на луѓето кои стојат зад ова работа се надвор од секаков демократски модел. Кога моќта на влада излегува од рамките тоа е опасно за демократијата.

Овие написи биле врз основа на податоците добиени од Едвард Сноуден.

„Мислам дека на јавноста и се должи објаснување дека мотивите на луѓето кои стојат зад ова работа се надвор од секаков демократски модел. Кога моќта на влада излегува од рамките тоа е опасно за демократијата“, изјави Сноуден во видео интервјуто објавено за интернет изданието на Гардијан во кое додава дека не се вистинити наводите оти програмите биле безбедни.
Не сите аналитичари имаат моќ да таргетираат нешто. Но, јас, седејќи на мојата маса, имав право да прислушувам секого, од вас до сојузен судија, па дури и претседателот доколку ја имав неговата лична меил адреса.

„Секој аналитичар во секое време може да има за цел некого. Секој селектор. Секаде. Каде овие комуникации ќе бидат собрани зависи од степенот на мрежата и авторитетот на аналитичарот. Не сите аналитичари имаат моќ да таргетираат нешто. Но, јас, седејќи на мојата маса, имав право да прислушувам секого, од вас до сојузен судија, па дури и претседателот доколку ја имав неговата лична меил адреса.“

Вчера, весникот Гардијан го објави името на Сноуден по негово барање, како и видео интервјуто со него од Хонг Конг, каде што се верува дека тој пребегал од Хаваите. ЦИА одби да ги коментира ваквите наводи.

Американски официјални претставници сметаат дека овие откривања се опасни и неодговорни. Членот на Комитетот за домашно разузнавање Питер Кинг побара Сноуден веднаш да биде екстрадиран од Хонг Конг.

Претходно, американскиот претседател Барак Обама ги бранаше контратерористичките методи, наведувајќи дека Американците ќе треба да изберат и да балансираат меѓу приватноста и безбедноста.

Според Обама, таквите програми биле строго контролирани и авторизирани од Конгресот.

Откако Сноуден призна, американското Министерство за правда соопшти дека во врска со овој случај е во почетна фаза на истрага за кривично дело неовластено објавување тајни информации.

„Гардијан“ објави дека Сноуден работел за Националната безбедносна агенција четири години и тоа по договор за надворешни компании како „Буз Хамилтон“ и „Дел“. Во видео интервјуто Сноуден вели дека тој се надева оти Исланд, каде што има слобода на интернетот би можело да му обезбеди азил.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG