Достапни линкови

logo-print

„Дверите на Јовица“ во ликовниот салон на АРМ


Резби на Јовица Стојковски.

Резби на Јовица Стојковски.

Триесеттина дела се изложени на изложбата на резби на Јовица Стојковски насловена како „Дверите на Јовица“, што од 5 до 15 јули, во рамките на Скопско лето, се одржува во Ликовниот салон на Домот на АРМ. Станува збор за прва самостојна постановка на уметникот со селекција од изминативе две децении и убава можност да се види неговото творечко созревање.

Уметноста на Јовица Стојковски е долготрајна истрајност, макотрпна вештина, завидна убавина. Допир на рака што на дрвото му дарува нов живот достоен за почит – вечност. Оваа уметност во дрво (орев, костен, цреша) изразена низ резба/релјеф ја преточува уметничката имагинација во естетска, иконолика реалност.
Македонија е едно чудно поднебјево кое буквално секој човек е талентиран за нешто и не може да се одвои од тоа. Традицијата во Македонија е она што го работам во византискиот стил, значи релјефните икони. Релјефните икони всушност потекнуваат и од мијачките резбари и кога ќе се споредат со останатите стилови на резба, како што е флората и фауната, фигурите важат за многу посложени за изработка. Така тие самите по себе се и предизвик, а и обврска воедно.

Ова ќе го запише документаристката Тања Битољану во каталогот за изложбата на резби на Јовица Стојковски насловена како „Дверите на Јовица“, што се одржува во Домот на АРМ во Скопје. Станува збор за прва самостојна постановка на Стојковски на која во два различни концепти се изложени триесеттина дела, а професор доктор Трајче Блажески, во својот осврт, забележува дека во неговото повеќе од 20-годишно творештво може да се почувствува авторовото созревање и личната обврска кон традициите на нашето поднебје, македонската традиционална резба како спој на уметноста, занаетот и верата.
Јовица Стојковски.

Јовица Стојковски.


„Македонија е едно чудно поднебјево кое буквално секој човек е талентиран за нешто и не може да се одвои од тоа. Традицијата во Македонија е она што го работам во византискиот стил, значи релјефните икони. Релјефните икони всушност потекнуваат и од мијачките резбари и кога ќе се споредат со останатите стилови на резба, како што е флората и фауната, фигурите важат за многу посложени за изработка. Така тие самите по себе се и предизвик, а и обврска воедно. Од друга страна во себе имам едно чудо други работи што морам да ги направам и да ги покажам. Има и силни пораки што сакам да ги направам“, вели авторот говорејќи за концептот на својата прва поголема средба со љубителите на уметноста и почитувачите на традицијата.
Ова е всушност остварување на еден сон – прва изложба. 80 отсто од делата се византиска уметност или релјефни икони изработени во византиски стил. Меѓутоа на отворањето на изложбата двајца мои добри пријатели свиреа ориентална музика. Тоа е силна порака.

Роден 1970 година во Скопје, Стојковски уште од најрана возраст се интересирал за цртежот, релјефот и формата. Со ведрина се сеќава на својата прва групна училишна посета на црквата Свети Спас и силниот впечаток што врз него го оставил иконостасот изработен во резба. Визуелниот контакт не му бил доволен, туку морал да го допре дрвото и под своите прсти да го почувствува релјефот, особина која што ја практикувал низ времето и се до денес. Љубовта кон дрвото излегла од неговиот духовен свет некаде на почетокот на 1991 – кога сам почнува да работи резба имајќи ги пред себе само делата на старите копаничари. Вели дека неговото непознавање од оваа област било толку големо што тој на почеток како материјал користел бор, а работел со длета што самиот ги направил. Иако професионално врзан за една друга дејност – безбедноста, резбарот полека и макотрпно проникнувал во тајните на занаетот и над две децении неразделно е врзан со дрвото на кое упорно настојува да му го даде своето видување за неговата форма.

„Ова е всушност остварување на еден сон – прва изложба. 80 отсто од делата се византиска уметност или релјефни икони изработени во византиски стил. Меѓутоа на отворањето на изложбата двајца мои добри пријатели свиреа ориентална музика. Тоа е силна порака. Значи Византија географски егзистирала на истиот простор, на оној Исток каде што имало арапско односно ориентално опкружување. И историски гледано, тие делувале во симбиоза. Биле многу понапред од остатокот на светот. Затоа мојата порака е моите дела да бидат изложени, а во позадина да ги следи ориентална музика исто така во симбиоза како што опстојувала Византија до нејзиното пропаѓање.“

Инаку, „Дверите на Јовица“ во рамките на актуелното Скопско лето во Ликовниот салон на АРМ ќе бидат до 15 јули, по што следува нејзино дислоцирање во еден алтернативен главноградски простор, а не е исклучено таа да се најде и на некои од останатите културни манифестации во земјава.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG