Достапни линкови

Реставрација на спомен куќата на Миладиновци


Спомен куќата на Миладиновци во Струга

Спомен куќата на Миладиновци во Струга

Заводот и музеј Охрид ќе изврши комплетна санација и адаптирање на спомен куќата на македонските преродбеници Димитар и Константин Миладинови.

На местото на поранешната семејна куќа на славните браќа преродбеници од 19 век Димитар и Константин Миладинови, во родната Струга каде сега е нивниот спомен објект, годинава Заводот и музеј Охрид ќе изврши комплетна санација и адаптирање на овој репрезентативен објект на автентичната струшка и македонска староградска архитектура.
Со проектот кој го изработивме во текот на 2010 година, се констатираа сите оштетувања, се направи проект како тие треба да бидат санирани и на кој начин ќе се адаптира објектот со оглед на новата функција што ќе ја добие.


„Поради несоодветно одржување на објектот, дојдено е одредени оштетувања на кровот и на таваните од првиот кат и генерално на целиот објект. Со проектот кој го изработивме во текот на 2010 година, се констатираа сите оштетувања, се направи проект како тие треба да бидат санирани и на кој начин ќе се адаптира објектот со оглед на новата функција што ќе ја добие. До пред неколку месеци тој беше даден на користење само на Струшките вечери на поезијата, а веќе сега него ќе го користи и музејот доктор Никола Незлобински од Струга. Објектот функционално ќе биде поделен на овие две институции, дел за изложбен простор, каде ќе бидат изложени мозаични површини подигнати од археолошки локалитети,а во дел ќе биде вратена поставката што и порано постоела во него за браќата Миладиновци“, вели архитектката Тања Паскали-Бунташеска, директорка на Заводот за
Тие се основоположници на се што се вика култура, се разбира тука најприсутна е литературата, но во првата верзија на зборникот беа содржани нотните записи на Наум Миладинов, значи дел кој за жал отпаднал. Тоа не наведува да размислуваме дека ова знаменито семејство имало удел и во музиката и во сценските уметности.
заштита на спомениците и музеј во Охрид.

Таа објаснува дека со овој приоритетн зафат ќе се сочува ликот на старата куќа на Миладиновци од 19-тиот век, која изгорела во пожар и препознатливиот стил на објектот ѕидан во камен, со дрвени еркери и богат ентерир со дрвени таваници и резба.

Според Паскали - Бунташеска проектот има конзерваторско одобрение од
Споменикот на браќата Миладиновци
Управата за заштита на културното наследство, во тек е јавен тендер за прибирање понуди за негова изведба, што ќе го финансира Министерството за куктура и до летото тој треба да биде реализиран како заштитен објект од отворен вид каде посетителите ќе можат да се запознаат со историјатот и делото на знаменитите струшки браќа.

„Оваа година на 24 јуни ќе се одбележи 150 години од излегувањето на златната книга на македонската преродба, Зборникот, чии автори се браќата Миладиновци. Пошироката јавност знае дека песните во зборникот ги собраа Димитрија и Константин, но помал број знаат дека во зборникот своја значајна улога имал и братот Наум. Треба да се нагласи дека тие се основоположници на се што се вика култура, се разбира тука најприсутна е литературата, но во првата верзија на зборникот беа содржани нотните записи на Наум Миладинов, значи дел кој за жал отпаднал. Тоа не наведува да размислуваме дека ова знаменито семејство имало удел и во музиката и во сценските уметности. Значи, тие биле не само основоположници, туку и инспиратори на современите македонски творци“, вели поетот Тоде Иливески, директор на Охридската градска библиотека.

Тој потсетува дека славните браќа, интелектуалците Миладиновци, во време на Отоманската империја и туѓите пропаганди против Македонците имале интернационално образование и просветителска кариера. Нивните коски веројатно почиваат во водите на Босфорот. Како основачи на македонската национална преродба биле поттик и за светскиот поетски фестивал во Струга, СВП кој годинава по 50-ти јубилеен пат ќе биде отворен со Константиновата антологиска песна „Тга за југ“, што има 70 препеви на 50-тина јазици.
XS
SM
MD
LG