Достапни линкови

Младинска работилница во Тетово


Дружење и заедничка работа ги обедини младинците од различни култури од Тетово кои изминатите три месеци создаваа рачни изработки на накит.

Креативната мисла и дух ги обедини младинците од различни култури во Тетово. Со моделирање и печење на глина, но и преку обработка на дрво вештите раце на младите тетовци изминатите три месеци создаваа рачни изработки вредни за восхит. Заедничкиот труд се круниса со изложба на која младите креативци пред јавноста ги покажаа своите дела. Младите од различни етникуми се членови на Младинскиот креативен клуб при Центарот за балканска соработка „Лоја“ во Тетово.
Вкупно имаше околу 20 млади кои работеа на овој проект имаше интерес и за двете работилници. Накитот се изработува од еден вид на глина, значи има различни техники на работа,

Целта на работилниците на кои учествуваа младите не беше создавање на професионални дела, туку млади кои доаѓаат од различни културни средини да се дружат и да работат заедно барем еднаш во неделата, смета Александра Апостолска, координатор на Младинскиот креативен клуб.

„Вкупно имаше околу 20 млади кои работеа на овој проект имаше интерес и за двете работилници. Накитот се изработува од еден вид на глина, значи има различни техники на работа, и потоа се пече таа глина.“

Рачно изработен накит, обетки и приврзоци, како и прекрасни резбани дела се само дел од изработките на вештите раце. Младите работеа со голем ентузијазам, но дружењето сепак беше во прв план.

Со техниките на резба ги запозна нивниот ментор Будимир Апостолски, додека, пак тајните на техниките на изработка на накит им ги откри Љуљзим Хазири. Младите задоволни од доживеаните искуства.
Ние изработуваме накит веќе три месеци, еднаш неделно. Се изработува од посебен материјал кој што прво е мек, а потоа откако ќе се изработи се пече и си ја добива својата форма. Ми беше интересно и затоа продолжив.

„Ние изработуваме накит веќе три месеци, еднаш неделно. Се изработува од посебен материјал кој што прво е мек, а потоа откако ќе се изработи се пече и си ја добива својата форма. Ми беше интересно и затоа продолжив. Како што може да видите има многу разни работи, дела што сме ги направиле и многу сум задоволен од тоа што го постигнавме.“

„Прво г-динот Апостолски не запозна со тоа кои дрва се користат, ни објасни што треба да е направи, ни објасни што треба со алатот за работа. Потоа одбравме што ќе изработуваме и тоа го цртавме на дрвото и со многуброен алат работевме напорно секоја недела, за на крај да се добие резултат кој навистина е прекрасен.“

Овој Клуб функционира во рамки на проектот „Градење на толерантна и креативна заедница“, имплементиран од Лоја, а финансиран од Американската амбасада во Македонија.
XS
SM
MD
LG