Достапни линкови

На интернет нема вистина за минатото оти нема архива


Сакате да знаете кој што рекол или кога што ветиле политичарите. Епа, тешко ќе дојдете до вистината на нашите информативни интернет сајтови оти речиси и нема aрхива!

Се сеќавате ли на изјавата на премиерот Никола Груевски за 8 милијарди евра инвестиции, или, пак, можеби на онаа дадена во Собрание за тоа колку ќе чини целиот проект Скопје 2014? За тие што се сеќаваат добро, ама за тие што не запомниле, нема назад. Ќе си речете па добро ќе ја побарам на интернет, но тука настанува проблемот.
Менувале платформа или се затвориле или нешто слично, укажува на фактот дека или намерно не сакаме историјата да ни биде лесно достапна или сме недоволно капацитативни да се грижиме за тие записи.
Дарко Булдиоски, интернет консултант.

Никаде нема видео запис од тие изјава, архивите на медиумите не функционираат, ја нема ни на јутјуб каналот на владејачката партија. Еден ден пред почетокот на изборната кампања за претседателските и за локалните избори во 2009-та премиерот на прес-конференција најави осум милијарди евра инвестиции во стратегиски инфраструктурни проекти. На 25 февруари 2010 на собраниска седница на која на дневен ред беа пратенички прашања, премиерот доби прашање колку ќе чини проектот Скопје 2014 и тогаш одговори дека, според пресметките, проектот треба да чини околу 80 милиони евра во осум буџетски години, а тоа според него не е некое сериозно оптоварување на буџетот. Но неколку години подоцна нема тонско сведоштво за овие изјави. Па така изјавите отишле во ветер, а со нив и најавите за 8-те милијарди инвестиции, а Скопје 2014 пресметано неколку години потоа чини четири пати повеќе.
Имаме случаи на комплетно изгубени архиви на медиуми кои веќе не постојат или се ребрендирани, за среќа некои луѓе чуваат некакви документи. Порано постоеја и Агенции за тоа, сега не знам колку тоа функционира, но затоа time.mk се обидува и направи еден свој виџет кај што ќе ги архивира македонските медиуми. И тие информации и да ги смена од интернет просторот, тие ќе бидат овде.
Зоран Ричлиев, стручњак за нови медиуми и уредник на телеграф.мк.

Недостапни интернет архивите на телевизиите

Медиумите во денешно време ја креираат историјата. Но медиумите во земјава не водат некоја сериозна грижа за тоа информациите на нивните сајтови да бидат лесно достапни и пребарливи, а потоа да бидат лесно достапни и оние информации кои веќе изминале, вели интернет консултантот Дарко Булдиоски.
Има причини за ова кои се објективни, да речеме, сме го промениле серверот, се работи за содржини кои се многубројни, до кои потоа многу тешко се доаѓа со пребарувањето, но тоа најчесто се прашања кои треба да ги решиме со оние кои го прават сајтот и во тие пребарувачки машини кои треба да ни ги обезбедат оние кои го организираат сајтот. Признавам дека не секогаш сме имале добри искуства, и тоа е исто така нешто што треба да го решиме.
Зоран Бојаровски, уредник на интернет изданијата на Алфа ТВ.

„Менувале платформа или се затвориле или нешто слично, укажува на фактот дека или намерно не сакаме историјата да ни биде лесно достапна или сме недоволно капацитативни да се грижиме за тие записи.“

Тој додава дека тие записи можат да бидат вредни, особено во време кога информациите летаат многу брзо.

„Во време кога од денеска до утре ни ги менуваат аспектите на гледање на работите или условно речено не лажат за одредени настани дека се случиле или дека не се случиле во минатото“, вели Булдиоски.

Архивите се важни, особено поради тоа што го имаме таканаречениот синдром на кратко паметење и во време кога вестите и информациите се прединамични, често забораваме да се навратиме назад и да провериме како стоеле работите, вели Зоран Ричлиев, стручњак за нови медиуми и уредник на телеграф.мк.

„Имаме случаи на комплетно изгубени архиви на медиуми кои веќе не постојат или се ребрендирани, за среќа некои луѓе чуваат некакви документи. Порано постоеја и Агенции за тоа, сега не знам колку тоа функционира, но затоа time.mk се обидува и направи еден свој виџет кај што ќе ги архивира македонските медиуми. И тие информации и да ги смена од интернет просторот, тие ќе бидат овде“, вели Ричлиев.

Архивите на медиумите се чувари на историјата, чувари на минатото. Но нашите медиуми многу лошо се грижат за своите архиви, вели тој.
ЊМногу се разочаруваат кога пребарувачот не им ја дава очекуваната функционалност. Тие не секогаш користат кирилица за да пребаруваат, не секогаш знаат да употребат голема и мала буква, така што во овие случаи кога не добиваат резултати, тие сметаат дека фрустрацијата е резултат на неефикасноста или нефункционалноста на пребарувачот. Исто така многу им пречи кога делови од сајтот коишто личат дека може да се кликнат се некликабилни и со тоа не им овозможуваат да стигнат до очекуваната содржина.
Ирина Шумадиева, уредник на веб порталот кафепауза.мк.

„Проблемот е во самата психологија. Работите брзо се движат, брзо ги снемува од нашето видно поле, но тие секогаш остануваат на интернет. За жал некои од медиумите дури немаат ни информации од пред неколку месеци, штедејќи на простор, на тој хостинг простор, прават сосема нерационален чекор бришејќи ја сопствената архива само за да може да постојат денеска“, вели Ричлиев.

Уредникот на интернет изданијата на Алфа ТВ, Зоран Бојаровски, вели дека кога на почетокот на годината го промовирале новиот сајт се соочиле со предизвикот да ги застапат и содржините од телевизијата на веб сајтот, но во исто време страницата да биде и информативна.

„Прашањето кое се исправи пред нас беше како да го избалансираме тоа, како да бидеме добри во содржините што се однесуваат на вестите и добри и достапни до корисниците на нашиот сајт на содржините кои се однесуваат на програмата на Алфа телевизијата. Одлучивме дека ќе им дадеме една мала предност на вестите за сметка на содржините и така го направиме сајтот.“
Да нема потреба граѓаните и новинарите да ги бараат преку посебно барање, тоа е практика во оние земји каде што транспарентноста и отчетноста се приоритет.
Филип Стојановски, Фондацијата Метаморфозис.

Бојаровски објаснува дека првите реакции кои дошле од корисниците е дека малку тешко се снаоѓаат кога треба на интернет страницата да дојдат до содржините кои се однесуваат на програмите на Алфа телевизија. Тие се обидуваат да го надминат тоа со тоа што вестите ги има на веб страницата, а на социјалните мрежи им даваат поголема тежина на програмските содржини.

Со промената на сајтот, ги снема дел од изјавите или видеата по кои стана препознатлива телевизијата, особено оние кои се однесуваат на Скопје 2014. Бојаровски вели дека се обидуваат да го најдат вистинскиот начин за надминување на тоа.

Кога се работи за владини сајтови и тие на медиумите, а пред сè владините, потребите од архиви се дефинитивно битни, и сега треба тој сајт или таа институција да ангажира некој да ги среди тие сајтови за да бидат функционални, затоа што да кажеме ако утре пак направат редизајн и сменат платформа тогаш што останува со сите информации кои се оставени во заборав. Технички е доста проблематично, но исто така проблемот е и во волјата на некој да седне и да ја заврши таа работа, која е малку макотрпна работа, но кога се работи за државни институции, некој мора да го направи.
Виктор Арсовски, уредник на it.com.mk
„Има причини за ова кои се објективни, да речеме, сме го промениле серверот, се работи за содржини кои се многубројни, до кои потоа многу тешко се доаѓа со пребарувањето, но тоа најчесто се прашања кои треба да ги решиме со оние кои го прават сајтот и во тие пребарувачки машини кои треба да ни ги обезбедат оние кои го организираат сајтот. Признавам дека не секогаш сме имале добри искуства, и тоа е исто така нешто што треба да го решиме“, вели Бојаровски.

Корисниците скоро секогаш се откажуваат кога не би знаеле каде да ја бараат конкретната информација, ќе забележи во својата магистерска теза Ирина Шумадиева, уредник на веб порталот кафепауза.мк. Истражувањето на 10 медиумски веб сајтови објавено кон крајот на минатата година, покажало дека тие ги исполнуваат основните стандарди за употребливост, но сепак постојат карактеристики кои укажуваат на проблеми во комуникацијата која тие ја остваруваат со своите корисници. При истражувањето таа користела два методолошки пристапи, односно биле избрани 10 корисници кои извршуваа задачи на веб-сајтовите во експериментална средина, после што даваа оценки за нивното чувство додека ги користеле. Дополнително, била направена стручна анализа на сајтовите од страна на долгогодишни експерти во областа на веб-дизајнот.

Истражувањето покажа дека корисниците не сакаат реклами, често се фрустрираат од нив, но тие никогаш не се повод за напуштање на сајтот. Исто така, тие не ги забележуваат оние функционалности на сајтот кои се графички претставени заради тоа што ги доживуваат како банери, но од друга страна, имаат позитивно чувство кон позадинското брендирање. На корисниците многу им е важна функционалноста на пребарувачот на сајтот. Критични се кога воопшто го нема, кога не им ги дава очекуваните резултати и кога филтрите за прецизирање на пребарувањето само ја усложнуваат постапката.

„Многу се разочаруваат кога пребарувачот не им ја дава очекуваната функционалност. Тие не секогаш користат кирилица за да пребаруваат, не секогаш знаат да употребат голема и мала буква, така што во овие случаи кога не добиваат резултати, тие сметаат дека фрустрацијата е резултат на неефикасноста или нефункционалноста на пребарувачот. Исто така многу им пречи кога делови од сајтот коишто личат дека може да се кликнат се некликабилни и со тоа не им овозможуваат да стигнат до очекуваната содржина“, вели Шумадиева.

Ако корисникот залута на непостоечка страница, сајтот има должност да му помогне на корисникот преку помошни линкови да дојде на вистинскиот пат, но тоа не е воспоставена пракса во користењето на нашите веб сајтови, но кај многу странски веб сајтови тоа е многу добро инкорпорирано, додава таа.

„Сајтот може да ве задржи во моментот овде и можеби нема да може да ви помогне да дојдете до она што го барате, но барем нема да ве одврати и нема да ви создаде некое негативно чувство дека ете тој сајт што и да барам ми враќа 404“, вели Шумадиева.

Проблеми и на државните сајтови

Но, не се само само сајтовите на медиумите. И сајтовите на институциите знаат да бидат нефункционални. Извесно време на владиниот сајт функционираа опциите Влада ТВ, обраќање во живо, па таму можевте да видите владини реклами, обраќања на премиерот и министрите, но сега кликањето на овие опции ве води до страница 404.

Ништо подобри не се ни другите сајтови на институциите, па граѓаните тешко може да дојдат до одредени прописи и закони или, пак, да се информираат за своите права и обврски од содржините што им ги нудат сајтовите на интернет. Владиниот сајт нема ни пребарувач, па така ако тргнете да го барате соопштението на премиерот за настаните од 24 декември, нема да го најдете. Го нема ниту во новости, ниту во соопштенија, ниту во прес, ниту во говори. На пример, на сајтот на Секретаријатот за европски прашања не можете да најдете извештаи на ЕУ за напредокот на Македонија, односно има регистар на документи, но тие не се кликабилни.

Виктор Арсовски, уредник на информатичкиот портал it.com.mk, пак, вели дека дизајнот на владините сајтови е доста едноставен, не е многу комплициран и експериментален, но според него, проблемот е во тоа што ги немаат основните правила за да креираат сајт.

„На пример немаат полиса за сигурност, не објаснуваат на пример за што користат лични податоци, не објаснуваат за што се користат веб „колачињата“. На пример во Британија секој сајт мора да ти каже дека ти собира „колачиња“, дека ти мери посети, ти мери колку време поминува на сајтот и што кликаш, што донекаде е и лична информација. Во Македонија немаат таква пракса“, вели Арсовски.

Друг проблем, според него, е што на сајтовите има само ПР текстови и основни документи, а недостасува интеракцијата. Недостасува поголема ангажираност, зошто да не се постираат аудио и видео снимки од настапите на функционерите, прашува тој.

„Вака обичен граѓанин може само да чита обични текстови за одредени министерство и толку, нема никаква ангажираност, ниту може нешто повеќе да дознае“, вели Арсовски.

Македонија е дел од меѓународната иницијатива Партнерство за отворена Влада и според тоа се има задолжено да ги објавува чистите податоци од своите владини тела на интернет за да бидат достапни за целата јавност за да може понатаму доколку сакаат да ги обработуваат, вели Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис. Тој додава дека проактивно треба да се спроведува законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и сите такви документи да бидат достапни на владините сајтови.

„Да нема потреба граѓаните и новинарите да ги бараат преку посебно барање, тоа е практика во оние земји каде што транспарентноста и отчетноста се приоритет“, вели Стојановски.

За дизајнирањето на еден сајт кој ќе може лесно да комуницира со јавноста и за негово одржување не се потребни бог знае колку пари, но секако е потребно знаење за да се направи сето тоа, велат познавачите.

„Ова може да чини, меѓутоа може да се направи и во поскромни услови. Од друга страна, уредувањето на содржините подразбира самоедукација, може да подразбира и техничка едукација и потреба од технички персонал, меѓутоа според мееи и според она до што дојдов со истражувањето, заклучокот ми е дека се прави заради што побрзо и што повеќе содржини да бидат објавени на секој од веб сајтовите. Па знаете, ако денеска треба да објавите 150 вести, веројатно ќе ги занемарите овие опции кои допринесуваат содржините да изгледаат подобро на нив“, вели Ирена Шумадиева.

Виктор Арсовски, пак, додава дека во случај кога ќе треба да се преуредува содржината на сајтовите, тоа бара работа, но се зависи од волјата на тие што го работат.

„Кога се работи за владини сајтови и тие на медиумите, а пред сè владините, потребите од архиви се дефинитивно битни, и сега треба тој сајт или таа институција да ангажира некој да ги среди тие сајтови за да бидат функционални, затоа што да кажеме ако утре пак направат редизајн и сменат платформа тогаш што останува со сите информации кои се оставени во заборав. Технички е доста проблематично, но исто така проблемот е и во волјата на некој да седне и да ја заврши таа работа, која е малку макотрпна работа, но кога се работи за државни институции, некој мора да го направи“, вели Арсовски.

Голем дел од светските медиуми ги дигитализираа своите архиви од пред 100-150 години, од времето од кога постојат сè со цел да ги направат полесни и подостапни за кој било тип на понатамошна анализа или согледување на тоа што се случувало во минатото.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG