Достапни линкови

Граѓанскиот активизам е префрлен на социјалните медиуми


Со пристојност против непристојните не можеме да играме, ама со креaтивност можеме да играме против некреативниот, а такви се тие кои што моментално не водат, вели Петрит Сарачини од граѓанското движење АМАН во својот говор за граѓанскиот активизам и социјалните медиум.

Носиме европски закони онака како што го увезуваме млекото, ретко кога ги проверуваме и подоцна ако има проблеми веќе е доцна, рече Миша Поповиќ од Слободен Софтер Македонија на денешната конференција „Engage“ за друштвени медиуми и активизам.
Очигледно е дека законот си профункционира со едно извинување кое понатаму беше реплицирано со една акција која мултиплицираше извинувања и мислам дека ќе гледаме наскоро многу вакви извинувања заради тоа што законот таков каков што е веќе има одредно и казни и луѓето попрецизно знаат што ќе ги снајде и мислам дека полесно ќе се одлучат да се извинуваат.

Ова се однесува на законот за граѓанска одговорност и клевета кој во Собранието беше изгласан и оправдан со ставот дека законот бил со европско знаменце. Тој закон предизвика револ кај интернет заедницата поради неколку членови во него со кои одговорноста за напишан збор кој што би можел да навреди некого паѓа на интенер провајдерите. Кога се дебатираше за предлог законот на 9 октомври 2012 година се случи он-лајн затемнување.

„Во таа инстанца на предлог законот се спомнуваше чудна форма, одговорноста паѓаше на сервис провајдерот. Тоа е спротивно на логиката на начинот на кој што се разива интернет, односно ако имаше таква директна одговорност во други земји најверојатно ниту твитер ниту фејсбук ниту јутјуб немаше да постои, затоа што провајдерите на содржини ќе беа загрижени што нивните корисници може да објавата на интернет и кого се тоа може да навреди или наклевети“, вели Миша Поповиќ.
Дистанцирај се од соросоидите, дистанцирајсе од комуњарите, дистанцирај се од анархистите, дистанцирај се од оние кои сакаа малку пожестоко да се настапи и на крај што направивме, дојдовме до простор и време каде што треба да се дистанцираме од самите себе си . Значи никако така !

Поповиќ вели дека тоа што проблематичните членови од законот поминаа на прво читање во Собранието само укажува на критичката свест на пратениците во земјава.

„Очигледно е дека законот си профункционира со едно извинување кое понатаму беше реплицирано со една акција која мултиплицираше извинувања и мислам дека ќе гледаме наскоро многу вакви извинувања заради тоа што законот таков каков што е веќе има одредно и казни и луѓето попрецизно знаат што ќе ги снајде и мислам дека полесно ќе се одлучат да се извинуваат“, вели Миша Поповиќ.

Во услови на информативна блокада на мејнстрим медиумите граѓанскиот активизам е префрлен на социјалните медиуми каде што делумно има простор и можност информацијата да допре до оние на кои им е наменета и да се скрати просторот за дезинформирање, вели Петрит Сарачини, како преставник на граѓанското движење АМАН. Тој вели дека кога станува збор за активизам битката се води на два терена и на интернет и на улица.

„Се додека ние им влегуваме во приказните, се додека го тераме нашиот активизам онака како што не канализира власта ние нема да постигнеме ништо, ние треба да ги газиме границите на возможното и границите на креативното. Со пристојност против непристојните не можеме да играме, ама со креативност можеме да играме против некреативниот, а тие се тие кои што моментално не водат. “

Сарачини зборувајќи за искуството на АМАН укажа на примерот со контрапротестите кои ги организираа „Изгор приватизација“.

„Каде се состануваа тие, каде ги носеа одлуките, кои беа луѓето? За АМАН беше јасно, на „Мајка Тереза“ се собираме се караме се договараме. И кога дел од активистите знајќи го тоа велеа ајде да не не етикетираат како СДСМ да ги побараме и слично, мислам често пати влегуваме во овие замки на власта. Истото ни се случи и со протестите против полициска бруталност. Дистанцирај се од соросоидите, дистанцирајсе од комуњарите, дистанцирај се од анархистите, дистанцирај се од оние кои сакаа малку пожестоко да се настапи и на крај што направивме, дојдовме до простор и време каде што треба да се дистанцираме од самите себе си. Значи никако така !“

Сарачини додава дека правниот лек е давање работа на институциите, петиција, прашање до пратеник, собирање на потписи, да се стават сите механизми во игра за да се привлече вниманието и за да се натераат институиите да се занимаваат со тоа.

Граѓанскиот активизам, одговорноста за кажаното на социјалните медуми и нивното влијание, сатирата и подобрување на општеството беа само дел од теми за кои се разговараше на конференцијата „Engage “ за друштвени медиуми и активизам.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG