Достапни линкови

logo-print

Охридските таксисти мора да истакнат ценовник


Градските власти во Охрид во такси возилата почнаа да лепат налепници со ценовник кој е на македонски и англиски јазик, за да спречат таксистите да „ги дерат“ туристите.

Дел од охридските такси превозници изминативе туристички сезони на туристите им наплаќаа за неколку пати поскапо од реалната цена, а за охриѓани такси возилата беа речиси недостапни. Во текот на летото во градот се создаваше вистински хаос со такси превозот.
Значи ако патникот влезе во возило во кое е истакната цената сигурно ќе знае по кој тарифник треба да се вози, доколку нема таква цена може да настане злоупотреба како што имало и досега, особено е битно што се истакнати и телефонските линии на кои што може да се реагира веднаш. Со овој потег пред сè ќе бидат заштитени патниците.

Градските власти во Охрид велат дека се решени да стават крај на оваа појава, па во такси возилата почнаа да лепат налепници со ценовник кој е на македонски и англиски јазик. Во изминатиот период пристигнаа многу поплаки, како од охриѓани, така и од гостите, за неразумни таксисти кои наплаќаат по сопствена волја, рече Димитар Спасевски, секретар во општина Охрид.

„Граѓаните на Охрид и на Македонија и странските туристи ќе имаат увид во цената која што таксистите треба да им ја наплатат“, рече Спасевски.
Налепниците не го регулираат. Такси превозот е веќе регулиран со самата налепница на автомобилот и со бројот на лиценца. Сега повторно да лепиме лиценца на врат не е добро.

Граѓаните секоја злоупотреба од страна на таксисти ќе можат во секое време да ја пријават до УЈП и до МВР или на телефоните 198 и 192, а потоа локалната самоуправа ќе преземе соодветни мерки против пријавениот таксист. Раководителот на секторот за туризам во општина Охрид Ѓоко Апостолов вели дека целта пред сè е да им се олесни на патниците.

„Значи ако патникот влезе во возило во кое е истакната цената сигурно ќе знае по кој тарифник треба да се вози, доколку нема таква цена може да настане злоупотреба како што имало и досега, особено е битно што се истакнати и телефонските линии на кои што може да се реагира веднаш. Со овој потег пред сè ќе бидат заштитени патниците“, рече Апостолов.

Но вакви налепници засега се залепени само во мал број на такси возила во градот. Поголем дел од таксистите велат дека сè уште не го сториле тоа и не ја оправдуваат постапката на општината.

„Мислам дека не е добар чекор бидејќи сè уште има диви таксисти кои однапред ги имаат одредено цените, самиот турист прашува колку чини до некоја дестинација. Него не го интересира колку е почетна цена, колку е километар. Ова нема да го регулира хаосот. Нема да го регулира сè уште и туристот нема да го интересираат овие налепници. Мислам дека тешко ќе се реализира тоа“, вели еден таксист.

„Налепниците не го регулираат. Такси превозот е веќе регулиран со самата налепница на автомобилот и со бројот на лиценца. Сега повторно да лепиме лиценца на врат не е добро“, вели друг таксист.

РСЕ: Но ваши колеги наплаќаа за пет или десет пати поскапо?

„Можеби некој наплаќа, но во секое такси возило има фискален апарат со таа цена иста со која сега ни нудат налепници.“

Освен ценовникот, во секое такси возило мора да биде истакната и лиценца за вршење превоз.
XS
SM
MD
LG