Достапни линкови

По рекламите, и туристите ќе станат ендемски вид во Охрид


Контроверзната владина кампања за туризам.
Контроверзната владина кампања за туризам.

Владините реклами за туризам со кои келнерите во Охрид се претставуваат како мрзеливи, а таксистите како скапи можат да се одразат негативно на оваа туристичка сезона, реагираат упатените во туризмот.

Македонски езерски келнер. Му трабаат најмалку 20 минути да донесе кафе. Никогаш не се смее, негов природен непријател се туристите - ендемски вид во исчезнување. Ова е една од рекламите кои се дел од владината кампања „И ти си лицето на твојата земја, од туризмот сите добиваме“.
Кој ги гледа тие реклами, тоа се глупости. Тоа е промашување бидејќи не е избран соодветниот начин на поправање на работите. Точно е дека и келнерите и туристите треба да бидат пољубезни, меѓутоа не е до тоа ниво како што се кажува во рекламите.
Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

Охридскиот градоначалник Александар Петрески бара владата да си ја признае грешката и да ги повлече рекламите од медиумскиот простор.
Контроверзната владина кампања за туризам.
Контроверзната владина кампања за туризам.

„Кој ги гледа тие реклами, тоа се глупости. Тоа е промашување бидејќи не е избран соодветниот начин на поправање на работите. Точно е дека и келнерите и туристите треба да бидат пољубезни, меѓутоа не е до тоа ниво како што се кажува во рекламите“, вели Петрески.
На ваков начин постигнуваме одвраќање на клиентите да доаѓаат во Охрид или во останатите македонски туристички дестинации и да ги трошат своите пари и наместо тоа парите да ги трошат на други дестинации надвор од Македонија. Со ова самите си ја сечеме гранката на која што седиме.
Јован Стојановски, универзитетски професор.

ВМРО-ДПМНЕ бесрамно и неодговорно потроши речиси половина милион евра, Македонија и Охрид да ги претстави како јунгерска соба во која некој чуден тип во униформа со свирче им влева страв на потчинетите. Милиони луѓе сега го гледаат Охрид како јунгерска касарна, мало место на безредие, мрзеливи келнери и ендемичен вид граѓани во изумирање, реагираат од општина Охрид, од каде велат дека упатиле протестно писмо до владата.

Професорот на факултетот за туризам во Охрид, Јован Стојановски за Радио Слободна Европа вели дека овие реклами ќе се одразат негативно на оваа туристичка сезона која што туку започна.

„На ваков начин постигнуваме одвраќање на клиентите да доаѓаат во Охрид или во останатите македонски туристички дестинации и да ги трошат своите пари и наместо тоа парите да ги трошат на други дестинации надвор од Македонија. Со ова самите си ја сечеме гранката на која што седиме, а тоа е развој на Охрид“, вели Стојановски.

Тој вели дека оваа кампања требало да оди исклучиво на македонски јазик и да биде насочена кон локалните заедници во македонските туристички центри.

Елида Битрак, сопственик на туристичка агенција, не е задоволна како оди продажбата за Охрид во соседните држави, особено во Србија. Не знае дали е тоа поради рекламите или причините се други.

„Оваа година дали е можеби рано, интересот е значително намален. Како што засега стојат работите е далеку од очекувањата. Имаше повеќе причини, од една страна се зборуваше дека цените се високи во Охрид. Некои настани што се случија пред некоја година, тоа придонесе“, рече Битрак.

Дали владините реклами ќе имаат негативен ефект врз туристичката сезона во Охрид треба да се почека до септември кога се сумираат резултатите, велат експертите.
XS
SM
MD
LG