Достапни линкови

Охрид има сериозен проблем со паркинг простор


Илустрација.

Илустрација.

Во градот во шпицот на сезоната дневно влегуваат и по 30.000 возила, а има само околу 2000 паркинг места. Охриѓани и туристите ова лето реагираат и на превисоките цени за паркирање.

Со 1800 паркинг места Охрид ова лето делумно ќе го реши проблемот со паркирањето и гужвите кои при тоа се создаваа години наназад. Раководителот на секторот за сообраќај во општина Охрид, Зоран Шикалевски вели дека за целосно решение на градот му се потребни двојно повеќе паркинг места, но и неколку катни гаражи.
На Охрид не му требаат 100 или 200 паркинг места плус. На Охрид му требаат во текот на сезоната двојно повеќе паркинг места во централното градско подрачје и тоа не само во сезона.

Во Охрид оваа сезона речиси секоја уличка е претворена во место за паркирање, а околу 500 паркинг места во центарот на градот се со наплата. Со голем дел од паркинзите во градот сега стопанисува приватна фирма на кои Јавното претпријатие „Биљанини извори“ ги даде под концесија истите.

„На Охрид не му требаат 100 или 200 паркинг места плус. На Охрид му требаат во текот на сезоната дупло повеќе паркинг места во централното градско подрачје, и тоа не само во сезона. Проблемот е и вон сезона“, рече Шикалески.

Не лажат дека за трите згради во кои има околу 90 стана имало само 40 паркинг места. За останатите да се истепаме.
Ако минатата година цената за еден час паркирање во Охрид беше 30 денари, сега таа е речиси двојно зголемена и изнесува 50 денари. На зголемувањето реагираат туристите, а особено охриѓани. Жителите од зградите во центарот на градот се жалат дека нема каде да ги паркираат автомобилите иако им следувало бесплатно место за паркирање.

„Моето искуство е навистина лошо. Деновиве застанав овде на главниот паркинг мислејки дека имам 15 минути време за да извадам пари од банка. Во меѓувреме го скратиле слободното време на 10 минути. Јас на 11 минута се обидов да излезам и не ми ја отвараат рампата. Отидов да прашам зошто. Ми побараа 50 денари за 60 секунди. Од нив добив одговор дека и за 5 секунди се плаќа 50 денари што е недозволиво“, рече една жителка на Охрид.
Приземјата каде треба да си обезбедат паркинг места за своите возила ги претворија во кафичи, дуќани, спортски обложувалници. Ако тие земаат кирија за своите дуќани по 1.000 и 2.000 евра, треба да си платат за паркинг простор за паркирање.

„Нема картички, само не мамат, не лажат дека за трите згради во кои има околу 90 стана имало само 40 паркинг места. За останатите да се истепаме“, вели друг граѓанин.

Градоначалникот Александар Петрески вели дека граѓаните не траба да реагираат. Тие кои живеат во центарот на градот, местата наменети за паркирање ги претвориле во деловни објекти кои ги издавале.

„Приземјата каде треба да си обезбедат паркинг места за своите возила ги претворија во кафичи, дуќани, спортски обложувалници. Ако тие земаат кирија за своите дуќани по 1.000 и 2.000 евра, треба да си платат за паркинг простор за паркирање“, вели Петрески.

Минатата недела неколку стотина граѓани пред главниот паркинг во центарот на Охрид протестираа барајки од локалната власт да издејствува намалување на цената за еден час паркирање.

На протестите се појавија и директори на неколку јавни претпријатија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку градските власти очекуваат дека во шпицот на сезоната во градот дневно ќе влегуваат повеќе од 30.000 возила.
XS
SM
MD
LG