Достапни линкови

logo-print

Николиќ - За ЕУ и со Јахјага на меѓународен собир


Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска изјави дека Белград направил се што било потребно и дека очекува ЕУ на 28 јуни да донесе одлука за започнување преговори за членство со Србија.
Според Николиќ, Србија направила тешки и храбри чекори со договорот со Косово, со што првпат на еден меѓународен собир е овозможено претседателката на Косово, Атифете Јахајага да учествува заедно со претседателот на Србија. Николиќ изјави дека сигурно ќе присуствува и на свеченоста во Загреб по повод приемот на Хрватска во ЕУ и дека тоа би можело да биде спречено единствено ако Загреб реши да „ја навреди Србија со претставување и учество на Косово на тој настан како држава“.
XS
SM
MD
LG