Достапни линкови

Зошто Австралија е најсреќна земја во светот?


Австралија е една од најслабо рангираните кога станува збор за балансот меѓу работата и живеачката. Повеќе од 14 насто од вработените работат прекувремено, што е многу повисоко од просекот во Организацијата за економска соработка и развој, 9 проценти. Сепак, токму во истражувањата на оваа Организација, веќе три години по ред, Австралија е најсреќна земја на светот.

Намалувањето на рударскиот бум можеби ќе и ја замагли перспективата на богатата австралиска економија, но таа земја и годинава ја задржа титулата на најсреќна индустријализирана земја во светот. Тоа е според Индексот на Организацијата за економска соработка и развој, со кој се рангираат земјите врз основа на вработеноста, платите, околината и здравството.
Негативностите во Австралија можат да бидат неутрализирани со специфичниот начин на живот и климата. Тие влијаат многу релаксирачки.
Џералдин Алварез, Филипинка која пред две децении се преселила во Австралија.

На второ место е Шведска позната по високиот животен стандард и робустната економија, а на третто Канада која исто како и Австралија заработува на извозот на нејзините природни суровини во Азија.

„Станува збор за квалитетот на животот што може да се ужива тука“, вели 27-годишниот Гаурав Чавла кој пред седум години од Њу Делхи се преселил во Сиднеј, додавајќи:

„Тука е побезбедно, почисто, со помалку сообраќај и население.“
Тука нема некој под 40 години што има искусено што значи рецесија“ вели Сол Еслаке, економист од Сиднеј.
Сол Еслаке, економист од Сиднеј.

Во Австралија веќе 21 година по ред не е забележана рецесија. Невработеноста е околу 5,5 насто, за разлика од онаа во еврозоната од 12 проценти.

„Тука нема некој под 40 години што има искусено што значи рецесија“, вели Сол Еслаке, економист од Сиднеј.

Од тоа се привлечени и странците.

Владата во рамките на новата програма доби 170 апликации, најмногу од кинески милионери кои би добиле право на жителство во Австралија за дел од нивното богатство како инвестиции. Само лани Австралија ја посетија 5 милиони и 700 илјади странци, главно Американци и Кинези.

Секако дека постојат и слабости. Довербата на потрошувачите останува на мртва точка, а Австралија е слабо рангирана и во врска со балансот меѓу работата и живеачката.

Повеќе од 14 насто од вработените работат прекувремено, што е многу повисоко од просекот во ОЕЦД од 9 насто.

Изненадува и тоа што во земјата која е позната по плажите и скарите, нејзините граѓани трошат помалку време на лично уживање, како јадење и спиење, отколку другите земји во светот.

Просекот на богатството на едно семејство е околу 32 илјади долари, многу пониско од просекот во ОЕЦД кој изнесува над 40 илјади.

Сепак, тешко дека економските тешкотии кои се чувствуваат во светот може да влијаат врз зголемување на песимизмот на оваа 23-милионска нација.

„Лесно ни е тука во Австралија да ги загубиме од вид тешките економски услови во другите земји на ОЕЦД“, вели економистот Еслаке.

85 насто од Австралијците сметаат дека имаат добро здравје, што е многу повеќе од просекот во Организацијата, 69 проценти.

„Негативностите во Австралија можат да бидат неутрализирани со специфичниот начин на живот и климата. Тие влијаат многу релаксирачки“, вели Џералдин Алварез која пред две децении се преселила од Филипините во Австралија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG