Достапни линкови

Моќта на ЕУ бледнее?


ЕУ лидери
ЕУ лидери

Голем број европски политичари и аналитичари велат дека меѓународното влијание на Европската Унија почнува да се намалува. Причина според анализата на Вол Стрит Журнал се политичките поделби и слабите долгорочни економски перспективи. Според експертите, ЕУ сепак останува силен играч на светската сцена

“Обидот на ЕУ да биде јасен меѓународен актер изгледа слабо ефективен,“ вели Чарлс Грант, директор на Центарот за Европска реформа од Лондон. Лисабонскиот договор, кој влезе во сила во Декември минатата година по 8 годишни напори, имаше за цел да ја направи ЕУ порационален играч на светската сцена. Затоа се креираа функциите Претседател и висок претставник за заедничка надворешна политика. Меѓутоа, Како што пишува Вол Стрит Журнал, , националните лидери всушност со покажаа дека не сакаат моќни фигури. Тие ги назначија скромниот премиер од Белгија , Херман Ван Ромпeј, да заседава со самитите, и нејасната британска службеничка Кетрин Ештон да води заедничка надворешна политика.

Европа останува силен играч


Европа, секако, е голем глобален играч. Нејзината економија од 16 трилиони долари чини 28% од глобалното производство, што е повеќе од САД. Интегрираниот потрошувачки пазар на Унијата е врвна дестинација за кинеските производи. Нејзиниот индустриски мотор, Германија, останува четвртата светска најголема национална економија и извезува стока скоро исто како и Кина.
Британија и Франција се уште се значителна воена сила, и се постојани членки на Советот за Безбедност на Обединетите Нации. Европејците се добро застапени во глобалните институции и комитети, вклучувајќи го и Меѓународниот Монетарен Фонд и Форумот за Финансиска Стабилност, во кои службениците на Европската Унија се влијателни и преговараат за нови банкарски правила. Европа исто така има “мека сила“,способност да привлече други земји нудејќи им членство на соседите, бидејки преставува модел на благосостојба за луѓето во светот на кои не им се допаѓа индивидуалистичката верзија на Америка. Но како што пишува Вол Стрит Журнал, многу од тие мерки ослабнале. Според експертите, ЕУ ја намали својата мека моќ поради сопствената збунетост за тоа кој економски модел треба да ги прифати – својот сопствен или го прифати оној од преку Атлантикот,“ вели Раџиив Кумар, директор на Индискиот Совет за Истражување на Меѓународни Економски Односи.
Еуро - Јуан

Европската Унија страдаше од подлабока економска криза од САД во 2009, иако Америка беше епицентарот и се соочува со побавно закрепнување благодарјќи делумно на државен долг во многу земји.
Европските подолгорочни економски перспектики се намалуваат: Стареењето, и во некои земји, намаленото населени ќе направат буџетски штети, додека растечкиот пензионерски изборен глас може да биде отпор на економското опоравување.
Економисти во Голдман Сахс, кои го измислија изразот “БРИК“ за Бразил, Русија, Идија и Кина, велат дека водечките растечки економии постепено ќе ги надминат Западно Европските во следните децении, и дека Американските, Кинеските и Индиските економии ќе ги надраснат сите други до средината на векот.
Според критичарите од земјите во развој, европејците се презастапени во ММФ и Советот за Безбедност на ОН, што беше одраз на реалноста по Втора Светска Војна и не одговара на сегашноста.
Но, и Г-8 самитите каде Европејците беа мнозинство, веќе му го остапуваат местото на Г-20 како водечки форум за дискутирање на светската економија.

За сила потребно е единство


Вол стрит журнал пишува дека многу европејци долго сонуваа за мултиполарен свет, во кој дипломатијата и меѓународното право ќе ја заменат Американската доминација и воена сила. Но меката сила во стилот на ЕУ илегува помалку корисна отколку што се очекувало во однос на Кина или други сили што се издигнуваат на светската сцена.ЕУ не може да извршува цврста моќ “затоа што не е држава“, вели Франсоа Хајсбург, специјален советник во Фондацијата за Стратегиско истражување од Париз. Членките како Германија, Британија и Франција спроведуваат своја сопствена надворешна и безбедносна политика, а таа често е „вкрстена“, велат аналитичарите. Кина и Русија ги искористуваат таквите поделби за да ги конфронтираат меѓу себе земјите на Унијата за прашања како што се човекови права и дотур на енергија. Минатата есен, Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд, ги повика земјите на ЕУ да ги намалат нивните разлики во надворешната политика, велејќи дека “изборот на Европа е едноставен: „Излезете и дејствувајте заедно и направете ја ЕУ водач на светската сцена, или бидете набљудувачи на Г-2 светот формиран од САД и Кина“.
XS
SM
MD
LG