Достапни линкови

Нордиските земји, следниот супермодел


Ако треба повторно да се родите некаде во светот како човек со просечен талент и плата, тогаш би сакале да бидете Викинг, наведува Економист, додавајќи, „Нордиските земји: Шведска, Данска, Норвешка и Финска се на врвот на светските табели, од оние за економската конкурентност, преку социјалното здравство до оние за среќата“.

Нордиските земји ги избегнаа и двете: јужноевропската економска склероза и американската екстремна нееднаквост. Теоритичарите на развојот веќе почнаа успешната модернизација да ја нарекуваат „да станеш како Данска“. Нордијците умно ги избегнаа нивните должнички кризи во 90 години од минатиот век.
Осло

Осло


Но, втората причина зошто нордискиот модел е во мода е поинтересен. На политичарите во светот, посебно на оние во задолжениот Запад, тие им понудија план како да го реформираат јавниот сектор со што државата станува многу поефикасна и поодговорна.

Швеѓаните со поголем ќеф плаќаат даноци од американците, бидејќи знаат дека ќе добијат попристојни училишта и подобри здравствени услуги.
Во седумдесетите и осумдесетите години нордиските земји навистина беа земји на „оданочи и троши“. Астрид Линдгрен, творецот на Пипи Долгиот чорап беше принудена да плаќа данок на сто насто од примањата.

Но, формулата „оданочи и троши“ не функционираше. Шведска од четврта најбогата земја падна на 14 место. Нордијците го сменија курсот и тоа во вистински правец. Даноците беа скратени, за компаниите е 22 насто, што е многу помалку од американските.

Нордијците се фокусираа врз средување на сметките. Најпрвин го реформираа пензискиот систем. Потоа станаа прагматични во јавните трошоци. Не им е битно кој ги дава јавните услуги се додека тие функционираат.

Во Данска и Норвешка приватни фирми управуваат со јавните болници. Шведска има универзален систем на училишни ваучери, каде што приватни школи им конкурираат на јавните.

Сите западни политичари тврдат дека се за транспарентност и техоноголија. Но, нордиските тоа и навистина го прават, наведува Економист, прецизирајќи дека нивните влади работат на сурова денска светлина. Швеѓаните на секој му овозможуваат пристап во официјалната владина евиденција.

Нордијците докажаа дека е можно да се комбинира конкуретниот капитализам со државниот апарат. 30 насто од нивната работна сила е во јавниот сектор.

Новиот нордиски ситем не е идеален. Јавните трошоци се големи, даноците се уште ги принудуваат нивните бизнисмени да се иселуваат во странство, а премногу луѓе, пред се имигранти, живеат на социјални давачки.

Како и да е, главната лекција што треба да се научи од Нордијците не е идеолошка, туку практична. Државата е добра не затоа што е голема, туку затоа што функционира.

Швеѓаните со поголем ќеф плаќаат даноци од Американците, бидејќи знаат дека ќе добијат попристојни училишта и подобри здравствени услуги. Нордијците спроведоа далекусежни реформи преку синдикатите и бизнис групите. Доказот е видлив. Но најнапред е неопходна волја за да ја искорените корупцијата, заклучува Економист.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG