Достапни линкови

Во Хрватска градоначалниците на големите градови ќе се бираат во вториот круг


Кандидатите на владеачката хрватска коалиција на левиот центар предводени од Социјал демократската партија влегоа во вториот круг од изборите за градоначалник во четири најголеми градови во Хрватска ,но коалицијата оствари лош резултат во Загреб. Ова го покажуваат прелиминарните резултати што синоќа ги објави Државната изборна комисија врз основа на 80 проценти обработени избирачки места. Кандидатите на владеачката колиција за две недели ќе се најдат во вториот круг избори за градоначалник во Загреб,Сплит, Риека и Осиек.
XS
SM
MD
LG