Достапни линкови

Беснило - Надлежните повикуваат на внимателност


Илустрација.
Илустрација.

При секое каснување или гребнување од страна на животно, неопходна е консултација со лекар за да се провери дали станува збор за присуство на беснило, апелираат надлежните, со оглед на тоа дека заразната болест е смртоносна не само за животните, туку и за луѓето.

При секое каснување или гребнување од страна на животно, неопходна е консултација со лекар за да се провери дали станува збор за присуство на беснило, апелираат надлежните, со оглед на тоа дека заразната болест е смртоносна не само за животните, туку и за луѓето.
Беснилото е смртоносна болест и за животните и за луѓето ако навреме не се третира, а ако се даде она што треба вакцина и имуноглобулин, беснилото воопшто нема да се јави кај граѓанинот.
Доктор Јованка Костовска, Секторот за превенција во Министерството за здравство.

„Беснилото е смртоносна болест и за животните и за луѓето ако навреме не се третира, а ако се даде она што треба вакцина и имуноглобулин, беснилото воопшто нема да се јави кај граѓанинот“, апелира доктор Јованка Костовска од секторот за превенција во Министерството за здравство.
Илустрација.
Илустрација.

Оттаму ги повикуваат сите граѓани кои имаат домашни миленичиња да ги вакцинираат, а доколку бидат нападнати од диво улично животно тогаш задолжително да се јават на лекар и тоа во првите 48 часа.

Првиот случај годинава е регистриран пред неколку дена во Радишани и ова е прв случај по оној пријавен пред 14 месеци во радовишкотот село Јаргулица.
Симптомите се чудно однесување, завивање, бегање од светилна и од вода, лигавење, поагресивни се. Тоа е вирус кој е причинител на болеста, а го пренесуваат и дивите животни, најчесто лисиците.

Што се однесува до домашните миленичиња, ветеринарите велат дека граѓаните се прилично одговорни и редовно ги вакцинираат. Превенцијата од уличните животни е исто така неопходна како што додаваат.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштија дека се врши спроведување на орална вакцинација кај дивите животни и заловување и нивно ставање под надзор во стационарот во Вардариште. Ветеринарите упатуваат на главните симптиоми на кои треба да да се внимава како знаци за аларм дека е присутно беснило кај животно и на што треба луѓето да се особено внимателни.

„Симптомите се чудно однесување, завивање, бегање од светилна и од вода, лигавење, поагресивни се. Тоа е вирус кој е причинител на болеста, а го пренесуваат и дивите животни, најчесто лисиците“, посочува ветеринарен лекар од скопска ветеринарна ординација.

Заштитата се врши исклучиво на инфективните одделенија во болниците со упат од матичен лекари или ако се работи за итен случај на инфективната клиника директно, посочува Костовска.
XS
SM
MD
LG