Достапни линкови

logo-print

Наезда од глувци во Битола


Битола.

Битола.

Глобалното затоплување и зимниците придонесоа да се намножат глувци во Битола.

Од Центрот за јавно здравје признаваат дека во последно време се зголемиле повиците на граѓани кои бараат помош од екипите за дератизација, посебно во делот на страта чаршија. Епидемиологот Тони Коњановски вели „има луѓе од одредени реони во градот кои ни се јавуваат и од приватни објекти, најчесто ако до нив се гради нешто или пак се одгледуваат гулаби, се жалат на зачестена појава на глодари.“

Би апелирал да не се остава непотребна храна, да се исфрла ѓубрето во контејнерите, а да не се остава покрај нив.
Експертите велат дека наездата на глувци не е само битолски или македонски проблем, туку и балкански.

„Неколку години наназад имавме многу топли и благи зими. Климатските промени си го направија своето. Се создадоа оптимални услови за нивен развој. Постојат во регионот и трихинолозата, лептоспирозата, хамта вирусот. Тоа се трески кои ги пренесуваат глодарите исто како што беснилото ни се појави после многу години“, додава епидемиологот Тони Коњановски.

Глувци се појавија иако шест години со ред општината во соработка со Ценатрот за јавно здравје спорведуваат системска дератизација. Годинава таа се одвива во две фази, пролетната се изведе во мај со задоцнување заради тендерите, а на 20 откромври ќе започне есенската. Но, неопходно е и граѓаните да преземат активнсоти за заштита од глувците зашто некои згради во обид да се ослободат од нив зовреле од болви.

Неколку години наназад имавме многу топли и благи зими. Климатските промени си го направија своето. Се создадоа оптимални услови за нивен развој.
„Знаеме во каква состојба се визбите во колективните згради. Затрупани се со потребни и непотребни работи. Би апелирал да не се остава непотребна храна, да се исфрла ѓубрето во контејнерите, а да не се остава покрај зашто сега е сезона на зимница, ајвари, а тие одат посебно по семките од пиперките. Би апелирал и на една друга појава чувањето на мачки во влезовите на зградите. Во моментот имаме неколку куќни совети кои се обратиле до нас поради наезда на болви. Тие не можат да слезат во визбите полни се со болви“, вели Коњановски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG