Достапни линкови

Ефикасни избори на нерамноправен терен


Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс.

Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс.

Вториот круг од локалните избори беше ефикасно спроведен и изразено конкурентен, но останува недостигот од рамноправен терен за натпревар, се вели во извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Како и првиот круг на гласање, и вториот круг од локалните избори беше ефикасно спроведен и изразено конкурентен, но останува недостигот од рамноправен терен за натпревар, се вели во извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Меѓутоа, шефот на набљудувачката мисија Герт Аренс изјави дека пристрасното и партиско медиумско покривање и мешањето на владините и партиските активности довеле повторно до нерамноправен терен за натпревар меѓу кандидатите.
Неопходно е да се направат понатамошни напори кои ќе се осврнат на недостатоците и недореченостите во Изборниот законик и да се зголеми довербата во Избирачкиот список. Во целост, изборниот ден беше мирен и регуларен.

Тој ја нагласи и потребата од натамошни реформи на изборното законодавство, оценувајќи дека на законската рамка ѝ недостасуваат клучни детали како запишување на гласачите во избирачкиот список, водење на изборната кампања, финансирање на кампањата и медиумско покривање. Во целина, изборниот ден бил мирен и регуларен, се вели во првите заклучоци на ОБСЕ која го набљудуваше одвивањето на изборната кампања и гласањето.

„Неопходно е да се направат понатамошни напори кои ќе се осврнат на недостатоците и недореченостите во Изборниот законик и да се зголеми довербата во Избирачкиот список. Во целост, изборниот ден беше мирен и регуларен.“
Се работи за голем број луѓе, гласачи, кои се наоѓаа на избирачкиот список, некои од нив за првпат беа во Скопје, едноставно не знаеја што да одговорат. Дел од нив беа потиштени, меѓутоа извршуваа некаква задача, очигледно беа донесени таму.

Според Аренс, по првиот круг на гласање се јавила зголемена загриженост за точноста на избирачкиот список, бидејќи ДИК не дозволил некои граѓани да гласаат во вториот круг поради прашања кои се однесуваат на нивното живеалиште кое е надвор од Македонија, а биле запишани во Избирачкиот список. Тој кажа и дека ДИК и Државната комисија за спречување на корупцијата не одлучиле по повеќе од 500 приговори за предвремено водење кампања и злоупотреба на државните ресурси поднесени од првиот круг со што е оневозможен навремен и ефикасен правен лек.

Според ОБСЕ/ОДИХР, медиумите кои биле набљудувани продолжиле да бидат пристрасни во полза на владејачките партии. Во извештајот исто така се наведува дека продолжиле наводите за заплашување на гласачи и злоупотреба на државните ресурси. Конечниот извештај ОБСЕ/ОДИХР ќе го презентираат осум недели по завршувањето на изборниот процес.

И според домашните невладини организации, на овие избори имало ситуации кои оставаат простор за недоверба во податоците во Избирачкиот список, но општиот заклучок е дека изборите поминале во мирна атмосфера. Прелиминарната оценка на МОСТ е дека гласањето било спроведено во генерално мирна атмосфера, со незначително намален број нерегуларности, но во околности во кои се покрена прашањето околу квалитетот на избирачкиот список и довербата во истиот. Мост, која вториот круг го следеше со околу 2.000 набљудувачи, забележува дека најчести нерегуларности биле семејно гласање, некористење УВ ламба и фотографирање на гласачки ливчиња.

Дел од оценките кои се наведуваат, пак, во прелиминарниот извештај на Цивил се однесуваат најмногу на вчерашната тензична атмосфера во Центар каде во попладневните часови имало гласачи од Пустец на неколку избирачки места. На овие избори отворено се спроведе груба демографска интервенција за етнички и партиски цели, а сиромаштијата беше силно злоупотребена да се задоволат апетитите на власта, изјави Џабир Дерала од Цивил.

„Се работи за голем број луѓе, гласачи, кои се наоѓаа на избирачкиот список, некои од нив за првпат беа во Скопје, едноставно не знаеја што да одговорат. Дел од нив беа потиштени, меѓутоа извршуваа некаква задача, очигледно беа донесени таму.“

Инаку, според резултатите кои ги објави ДИК, во вториот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ победи во 16 општини, ДУИ во 7, СДСМ во 3, а ДПА доби двајца градоначалници.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG